19 Декември 2008

Учениците од основното училиште "Љубен Лапе” го посетија Инфо Центарот на ЕУ

На 19 декември, Инфо Центарот на ЕУ организираше предавање за учениците во трето одделение од основното училиште “Љубен Лапе” во Скопје.

18 Декември 2008

Проекција на филмот “Kosovo – Cutting the lifeline” во Инфо Центарот на ЕУ

На 18 декември, во Инфо Центар на ЕУ беше организирано прикажувањето на филмот "Kosovo – Cutting the lifeline".

18 Декември 2008

Промоција на водичот за Програмата за култура 2007 – 2013

Верзијата на македонски јазик на Водичот за Програмата за култура 2007 – 2013 беше промовиран од министерката за култура Елизабета КАНЧЕСКА – МИЛЕВСКА и амбасадорот Ерван ФУЕРЕ на 18 Декември, во Инфо Центарот на ЕУ во Скопје.

17 Декември 2008

Алек Александар Јанковиќ победник на конкурсот за најдобар цртеж “ЕУ мали звездички”

На 17 декември, амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската Комисија ги прогласи победниците на конкурсот за најдобар цртеж “EУ Мали Звездички” на тема: “ЕУ ја дочекува новата година”, во организација на Инфо Центарот на ЕУ.

15 Декември 2008

Фросина Пандурска добитник на наградата "Жан Моне 08" на конкурсот за новинарски труд

На 15 декември, Мисијата на Европската Унија го објави добитникот на наградата “Жан Моне ‘08” на конкурсот за новинарски труд. Темата на овогодинешниот конкурс беше “Меѓукултурниот дијалог”, а беше избрана бидејќи 2008 е прогласена за европска година на меѓукултурниот дијалог (www.interculturaldialogue2008.eu).

10 Декември 2008

Европски филмски фестивал Синедејс ’08 – од 12 до 19 декември

Седмото издание на Европскиот филмски фестивал “Синедејс ‘08” поддржан од Мисијата на Европската Унија ќе се одржи од 12 до 19 декември во кината Милениум и Фросина во Скопје. Под мотото “Гледајте филм” на фестивалот Синедејс оваа година на публиката и беа прикажани вкупно 37 филма од европските земји, кои ќе бидат прикажани на 40 проекции.

10 Декември 2008

Наградата 2008 ‘Жан Моне’ за новинарско остварување ќе биде прогласена на 15 декември

На 15 декември, Мисијата на ЕУ ќе го прогласи добитникот на наградата на шестото издание на годинешниот конкурс ‘Жан Моне’ за најдобар новинарски труд на теми поврзани со Европската Унија.

05 Декември 2008

Одбележување на меѓународниот ден за човекови права

Во среда, 10 декември, Мисијата на Европската Унија во Скопје, во соработка со канцеларијата на Обединетите Нации во земјата и Советот на Европа ќе организираат серија на настани за одбележување на 60-годишнината од Универзалната Декларација за човекови права. Настаните ќе се одржат во Инфо Центарот на ЕУ од 9:00 до 19:00.

28 Ноември 2008

Учениците од „Петтата приватна гимназија” го посетија Инфо центарот на ЕУ

Учениците од „Петтата приватна гимназија” го посетија Информативниот Центар на Европската Унија на 28 Ноември.

19 Ноември 2008

Округла маса “Европа комуницира” одржана во Инфо Центарот на ЕУ

На 19 ноември, округлата маса насловена “Европа комуницира” беше организирана во Инфо Центарот на ЕУ, како дел од воведниот месец на активностите.

14 Ноември 2008

Прикажување на филм и дебата за “Развој на интелигентни материјали”

На 14 ноември, Инфо Центарот на ЕУ во Скопје организираше прикажување на краток филм “Развој на интелигентни материјали” за студентите од факултетите за уметности, дизајн и текстил во Поранешна Југословенска Република Македонија.

12 Ноември 2008

Презентација и консултации за ИПА инструментот за организациите на граѓанското општество, владини претставници и донатори

На 12 ноември, Мисијата на Европската Унија во Скопје организираше презентација и консултации во врска со Претпристапниот инструмент (ИПА) со организациите на граѓанското општество, владини претставници и донатори.

12 Ноември 2008

Дисеминација Работилница Прес конференција

На 12 ноември, Мисијата на Европската Унија и Европската Агенција за реконструкција организираа прес конференција за главните научени лекции од спроведувањето на програмите за помош на ЕУ од страна на Европската агенција за реконструкција.

10 Ноември 2008

Дебата “Уметностите и меѓукултурниот дијалог” одржана во Инфо Центарот на ЕУ

На 10 ноември, Инфо Центарот на ЕУ во Скопје организираше јавна дебата на тема “Уметностите и меѓукултуниот дијалог”.

07 Ноември 2008

Воведен месец на активности во Инфо Центарот во ЕУ Учениците од средното училиште "Јосип Броз Тито” од Скопје го посетија Инфо Центарот на ЕУ

Учениците од средното училиште "Јосип Броз Тито" во Скопје го посетија Инфо Центарот на ЕУ на 7 ноември.

06 Ноември 2008

2008 Извештајот за напредокот претставен пред претставниците на граѓанското општество

На 6 ноември, Мисијата на Европската Унија во Скопје организираше презентација на Извештајот на напредокот во 2008 на Поранешна Југословенска Република Македонија, и на годишниот документ ”Стратегија за проширување и главни предизвици 2008-2009” за претставниците на граѓанското општество.

06 Ноември 2008

2008 Извештај за напредокот презентиран пред бизнис заедницата

На 6 ноември, Мисијата на Европската Унија во Скопје, организираше презентација на Извештајот за напредокот за 2008 на Поранешна Југословенска Република Македонија, и на годишниот документ ”Стратегија за проширување и главни предизвици 2008-2009” за бизнис заедницата.

05 Ноември 2008

Прес конференција за Извештајот за напредокот во 2008

Во среда, 5 ноември, Мисијата на Европската Унија одржа прес конференција на која беше објавен Извештајот за напредокот во 2008 на Поранешна Југословенска Република Македонија, и на годишниот документ ”Стратегија за проширување и главни предизвици 2008-2009” во врска со политиката за проширување на ЕУ.

04 Ноември 2008

Презентација на Програмата Еразмус Мундус

На 4 ноември, Инфо Центарот на ЕУ во Скопје организираше презентација на Програмата Еразмус Мундус за следниве целни групи: студенти, истражувачи, универзитетски и академски кадар.

03 Ноември 2008

Децата цртаат на тема ЕУ & Нова Година

На 3 ноември, единаесет талентирани деца од 5 училишта од општина Центар во Скопје, кои го посетија Инфо Центарот на ЕУ во рамките на активноста “Отворени врати за учениците”,учествуваа на работилницата “EУ мали звездички” и цртаа на тема ЕУ и нова година.

31 Oктомври 2008

Амбасадорот Фуере ги поздрави граѓаните во Инфо Центарот на ЕУ

На 31 октомври, Инфо Центарот на Делегацијата на Европската комисија во Скопје организираше “Отворен ден со амбасадорот Ерван Фуере” по повод официјалното отворање на новиот Инфо Центар на ЕУ, како дел од месецот на воведни активности.

29 Oктомври 2008

Отворена изложбата “EУ моменти – проширен објектив”

Денеска, амбасадорот Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската комисија официјално ја отвори изложбата на фотографии од локални фоторепортери: "EУ моменти – проширен објектив" во Инфо Центарот на ЕУ.

15 Октомври 2008

Новиот Инфо Центар на ЕУ отворен денеска!

Новиот Информативен Центар на Мисијата на Европската Унија во Скопје, сместен во новите простории на улица Мито Хаџивасилев Јасмин, во близина на зградата на Нова Македонија, беше официјално отворен на 15 октомври.

29 Септември 2008

Годишен состанок за координација на ЕУ Инфо Точките во Скопје

Годишниот состанок за координација помеѓу Информативниот Центар на ЕУ, информативниот релеј и инфо точките на ЕУ сместени во 7 општини, се одржа во просториите на Информативниот Центар на Европската Унија на 29 септември 2008.


/></a></html>