23 Декември 2009

Ученици од ОУ "Вера Јосиќ" го посетија ЕУ Инфо центарот

Околу 40 ученици од седмо и осмо одделение од ОУ "Вера Јосиќ" на 23 декември учествуваа на предавање во ЕУ Инфо центарот.

22 Декември 2009

Ученици од ОУ "Глигор Прличев" го посетија ЕУ Инфо центарот

На 22 декември, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на учениците од ОУ "Глигор Прличев".

16 Декември 2009

Ученици од ОУ "Јохан Хајнрих ПЕСТАЛОЦИ” го посетија ЕУ Инфо центарот.

На 16 декември, ЕУ Инфо центарот организираше презентација за ЕУ за учениците од седмо и осмо оделение од ОУ “Јохан Хајнрих ПЕСТАЛОЦИ” од Скопје.

15 Декември 2009

Објавен е добитникот на наградата за новинарски труд “Жан Моне”

Добитникот на наградата “Жан Моне” на конкурсот за новинари, објавена од Делегацијата на Европската Унија е Јосиф ЌУРЧИЕВ, поранешен новинар на Дојче Веле и колумнист на Утрински Весник.

09 Декември 2009

10 декември – Денот на човековите права

Во четврток 10 декември, Делегацијата на Европската Унија во Скопје организираше серија настани со кои го одбележа Меѓународниот ден за човекови права при што се нагласува темата за антидискриминација.

13 Ноември 2009

Денови на климатските промени: Организирана промоција на книги

Во петок, 13 ноември, книгите „Гладта, автомобилот, пченицата и ние”, од Фабрике Миколино и “Генетски модифицираните организми кои го менуваат светот” од професорот Зил–Ерик Сералини беа промовирани во ЕУ Инфо Центарот, во рамките на Деновите на климатските промени.

03 Ноември 2009

Заедно сме посилни и можеме да ја спасиме нашата планета! – кажаа децата кои присуствуваа на предавање за климатските проемни во ЕУ Инфо центарот

Околу 60 ученици од основните училишта од 9 од 10-те општини од Скопје присуствуваа на предавање за климатските промени, кое се одржана 3 ноември, во рамките на Деновите на климатските промени, во организацијана ЕУ Инфо центарот.

02 Ноември 2009

Денови на климатските промени во ЕУ Инфо центарот

Во пресрет на Самитот за климатски промени во Копенхаген 2009, Мисијата на ЕУ ќе организира серија на настани поврзани со намалувањето на емисијата на стакленички гасови и активностите за прилагодување на европските политики поврзани со реалноста на климатските промени.

20 октомври 2009

ЕУ Инфо центарот го прослави својот прв роденден!

ЕУ Инфо центарот во Скопје ја одбележа првата година од своето постоење – својот прв роденден, со прослава и мал коктел во своите простории на 20 октомври.

15 октомври 2009

Претставен извештајот за напредокот за 2009 пред бизнис заедницата

На 15 октомври, Мисијата на Европската Унија во Скопје организираше средба со бизнис заедницата, на која беа презентирани “Стратегијата за проширување и главните предизвици за 2009-2010” и Извештајот за напредокот за 2009 за поранешна Југословенска Република Македонија.

15 октомври 2009

Претставен Извештајот за напредок за 2009 на претставниците на граѓанското општество

На 15 октомври, Мисијата на Европската Унија во Скопје организираше презентација на годишниот документ “Стратегијата за проширување и главните предизвици за 2009-2010” и на Извештајот за напредок 2009 за поранешна Југословенска Република Македонија за претставниците на граѓанското општество.

28 септември 2009

Промовиран Поимник на терминологијата на Европската Унија

На 28 септември, во ЕУ Инфо центаротбеше организирана промоција на Поимникот на терминологијата на ЕУ подготвен од страна на д-р. Тања КАРАКАМИШЕВА, професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Скопје и магистер Вероника ЕФРЕМОВА.

28 септември 2009

Конференција за промоција на проекти за обнова на културното наследство

На 28 септември, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на Конференцијата за промоција на проекти за обнова на културното наследство- Процес Љубљана.

26 Септември 2009

Европски филмови на филмскиот фестивал “Браќа Манаки”

30-от Интернационален фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” се отвори на 26 септември во Битола, со прикажувањето на британскиот филм, Милионерот од предградието, во режија на Дени Бојли (2008).

03 Cептември 2009

Комесарот Јан ФИГЕЛ го отвори XIV Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот – Седум порти: Биенале Скопје

На 3 септември, Комесарот за образование, обука, култура и млади, Јан ФИГЕЛ беше во дводневна посета на Скопје, и учествуваше на отварањето на XIV издание на Биеналето за млади уметници од Европа и Медитеранот - Седум порти (3-12 септември 2009) на плоштадот на главниот град.

03 Cептември 2009

Комесарот Фигел во Скопје

Комесарот за образование, обука, култура и млади Јан ФИГЕЛ, на 3 и 4 септември, ќе ја посети поранешната Југословенска Република Македонија.

31 Август 2009

Конференција за медиумите за подигнување на свеста за мобинг

На 31 август, во ЕУ Инфо центарот неколку невладини организации одржаа конференција за медиумите за заложбите за создавање на мрежа за заштита на правата на жртвите од мобинг.

15 Јули 2009

Промоција на книгата ‘Европа на крстопат’

На 15 јули, во ЕУ Инфо центарот во Скопје се одржа промоција на книгата ‘Европа на крстопат’од авторот Горан ИЛИЌ. Книгата ја претставија Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ и професорот Славејко САСАЈКОСКИ.

14 Јули 2009

Комисијата предлага безвизен режим за граѓаните на Западен Балкан

Долгите заложби на Европската Комисија за безвижен режим се потврдија денеска со усвојувањето на предлогот за доделување на безвизен режим за граѓаните на поранешна Југословенска Република Македонија, Србија и Црна Гора.

07 Јули 2009

Претседателството со ЕУ пренесено од Чешката Република на Шведска

На 07 јули, во ЕУ Инфо центарот се одржа прес конференција посветена на пренесувањето на претседателството со ЕУ од Чешката Република на Шведска.

26 Јуни 2009

Округла маса “Визната либерализација во однос на преговорите за влез во ЕУ“ одржана во ЕУ Инфо центарот

На 26 јуни, тркалезна маса насловена “Визната либерализација наспроти преговорите за влез во ЕУ“ беше организирана во ЕУ Инфо центарот во партнерство со НВО Инфо центарот и Македонскиот центар за европски обуки, како дел од проектот “Време е за ЕУ”.

02 Јуни 2009

Отворена нова ЕУ Инфо точка во НУБ “Св.Климент Охридски”

На 2 јуни, беше отворена нова Инфо-точка на Европската Унија во Националната и Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” во Скопје.

02 Јуни 2009

Изложба “Роботи на третиот милениум” од 2 до 23 јуни

На 2 јуни, во ЕУ Инфо центарот во Скопје беше отворена изложба на детски цртежи “Роботи на третиот милениум” која ќе биде поставена од 2 јуни до 23 јуни. Цртежите ги нацртаа ученици од 11 основни училишта од Скопје на креативната работилница која се одржа на 15 април како дел од Деновите на креативност и иновативност во ЕУ Инфо центарот.

17 Mај 2009

Студенти од Универзитетот ФОН во ЕУ Инфо центарот

На 17 мај, студентите од Правниот факултет на Универзитетот ФОН присуствуваа на предавање како дел од проектот “Отворени врати за студентите”, чија цел е информирање и поттикнување на комуникацијата со младите.

13 Mај 2009

Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа во ЕУ Инфо центарот

На 13 мај, околу 60 студенти по студии за бизнис од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово го посетија ЕУ Инфо центарот како дел од активностите за Денот на Европа и Европскиот ден на претприемништвото.

11 Мај 2009

Панел дискусија “Од падот на железната завеса во 1989 до проширувањето во 2004”

По повод 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Мисијата на Европската Унија организираше панел дискусија насловена: “Од падот на железната завеса во 1989 до проширувањето во 2004”. Настанот се одржа на 11 мај, во ЕУ Инфо центарот во Скопје во присуство на медиумите.

05 Мај 2009

Свеченост за доделување награда за најдобар матурски проект од средните училишта

На 5 мај, Високата школа за медиуми и односи со јавност во соработка со ЕУ Инфо центарот при Делегацијата на Европската Комисија организираше свеченост за доделување награди за најдобар матурски проект од средните училишта насловен “Изрази се себеси преку медиумите”.

24 Април 2009

ЕУ Мисијата ги објави едномесечните активности за прослава на Денот на Европа 2009

Во петок, 24 април, Мисијата на ЕУ во Скопје организираше прес конференција во ЕУ Инфо центарот, на која амбасадорот Ерван Фуере ги претстави активностите кои се предвидени за одбележување на Денот на Европа (9 мај) оваа година.

21 Aприл 2009

Отворена изложбата “Креативност и иновативност во секојдневниот живот” во ЕУ Инфо центарот

Како дел од Деновите на креативност и иновативност кои се одржуваат во ЕУ Инфо центарот во Скопје, изложба на наградени иновации од национални иноватори насловенa како “Креативност и иновативност во секојдневниот живот” беше отворена на 21 април. Четиринаесет иновации, наградени на разни меѓународни изложби ќе бидат изложени во ЕУ Инфо центарот до 5 мај.

16 Април 2009

Презентирана Рамковната програма - FP7 – во ЕУ Инфо центарот

На 16 април, Мисијата на Европската Унија организираше презентација на ЕУ 7-та Рамковна програма за истражување - FP7 – како дел од Деновите на креативност и иновативност, која се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

16 Април 2009

Изложба “Креативност и иновативност во секојдневниот живот”

Како дел од Деновите на креативност и иновативност, ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на Европската Комисија ќе организира изложба на наградени иновации од домашни иноватори од 21 април до 5 мај.

15 Април 2009

Денови на креативност и иновативност во ЕУ Инфо Центарот

Мисијата на Европската Унија ќе организира неколку активности за да се одбележи 2009 како Европска година на креативноста и иновативноста. Овие активности ќе имаат за цел да ја подигнат свеста за значењето на креативноста и иновативноста за личниот, општествениот и економскиот развој.

15 Aприл 2009

Во ЕУ Инфо центарот одржана креативна работилница “Роботи на третиот милениум”

На 15 април, група на ученици од 11 основни училишта од Скопје учествуваа на креативната работилница “Роботи на третиот милениум” организирана во ЕУ Инфо центарот како дел од Деновите на креативност и иновативност.

06 Април 2009

Ученици од 7 училишта го посетија ЕУ Инфо центарот

По повод Денот на Европа, околу 120 ученици од училиштата од општина Центар на 6 април присуствуваа на предавање за историјатот на Европската Унија и нејзините институции, како и за можностите кои се отворени за младите луѓе.

2 Aприл 2009

30 годишнина од Директивата за птици (2 април 1979-2009)

На 2 април 2009, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на настанот, со кој се одбележа 30 годишнината од Директивата на ЕУ за птици. На иницијатива на "Македонското еколошко друштво" беше организирана панел дискусија за да се промовира Директивата на ЕУ за заштита на диви птици (79/409/EEЗ), или генерално позната како Директива за птици (2 април 1979).

1 Aприл 2009

Учениците од средното медицинско училиште во ЕУ Инфо центарот

Околу 30 ученици од средното медицинско училиште "Панче Караѓозов" од Скопје, на 1 април присуствуваа на предавање за историјатот на Европската Унија и нејзините институции, како и за можностите кои им се достапни на младите луѓе.

24 Mарт 2009

Делгација од Финска го посети ЕУ Инфо центарот

Делегација од одделот за комуникации и информации за Европската Унија на Министерството за надворешни работи на Финска и од регионалните информативни канцеларии го посети ЕУ Инфо Центарот.

19 Mарт 2009

Учениците од средното училиште "Ѓорѓи Димитров” го посетија ЕУ Инфо центарот

Околу 40 ученици од средното училиште "Ѓорѓи Димитров " во Скопје го посетија ЕУ Инфо центарот во Скопје како дел од проектот “Oтворени врати за учениците”.

26 Февруари 2009

Работилница - “Детство без злоупотреба”

На 26 февруари, Првата детска амбасада “Меѓаши” организираше работилница насловена “Детство без злоупотреба – за подобар систем на детска заштита во источна Европа”. Работилницата е дел од проектот "Градење на култура за детска заштита" која е финансирана во рамките на поддршката базирана во земјата 2007 на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).

24 Февруари 2009

Конкурс за ЕУ теми – “Изрази се преку медиумите”

Конкурсот насловен “Изрази се преку медиумите” , кој е наменет за матурантите од средните училишта, беше отворен на 24 февруари во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Овој конкурс е во организација на Школата за новинарство и односи со јавност, а е поддржан од Мисијата на Европската Унија.

16 Февруари 2009

Ден на пролетта во Европа 2009

Во понеделник, 16 февруари 2009, организацискиот тим на “Пролетен ден во Европа 2009” одржа прес конференција во ЕУ Инфоцентарот, со која го објави почетокот на активностите за оваа година.

16 Февруари 2009

Изложба на карикатури – АНТЕ ПОРТАС

Во понеделник, на 16 февруари 2009, во 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот беше поставена изложбата на карикатури кои се однесуваат на ЕУ - “АНТЕ ПОРТАС”.

04 Февруари 2009

Учениците од средното училиште "Илија Николовски-Луј” од Скопје го посетија ЕУ Инфо центарот

Учениците од државниот музички и балетски центар "Илија Николовски-Луј" во Скопје, на 4 февруари го посетија Информативниот центар на Европската Унија во Скопје.

30 Јануари 2009

Учениците од основното училиште "11 Октомври” го посетија ЕУ Инфо центарот

На 30 јануари, ЕУ Инфо центарот организираше презентација за ЕУ за осмо-одделенците од основното училиште “11 Октомври” во Скопје.

28 Jануари 2009

Европски ден на заштита на податоците: Презентација на упатствата за заштита на приватноста на студентите

По повод Европскиот ден за заштита на податоците, на 28 јануари, Дирекцијата за заштита на личните податоци ги презентираше Упатствата за заштита на приватноста на студентите во ЕУ Инфо центарот.

15 Jануари 2009

Децата од емисијата “Супер звезда” го посетија ЕУ Инфо Центарот

На 15 јануари, децата од емисијата “Супер звезда”, која редовно се прикажува на еден од националните ТВ канали, го посетија ЕУ Инфо Центарот. Емисијата има едукативни елементи, a оваа епизода беше посветена на работата на ЕУ Инфо Центарот.

/></a></html>