20 Декември 2010

Ѓорѓи Личовски – Победник на ‘Жан Моне’ 2010 натпреварот за најдобра фотографија

" Фото репортерите работат секој ден под притисок, во необични околности и без разлика на временските услови и тешката опрема, тие ја исполнуваат нивната задача да остават значајни сведоштва за идните генерации. "

18 Ноември 2010

Студенти од фон универзитетот ја посетија делегацијата на европската унија

Група од 40 студенти од ФОН Универзитетот ја посетија Делегацијата на Европската Унија и се сретнаа со Амбасадорот Ерван Фуере, кој им ја објасни улогата на Делегацијата во земјата.

2 Нoември 2010

Предавање за учениците од средното училиште ‘‘Oрце Николов‘‘ во ЕУ инфо центарот

Серијата предавања насловени ‘‘Отворени врати за учениците‘‘ продолжија со посетата на учениците од средното училиште ‘‘Орце Николов‘‘.

29 Октомври 2010

Тијана Додев од Скопје ја освои наградата за најдобар цртеж на тема родова еднаквост организирана од Европската комисија

“Не можев да поверувам кога мајка ми ми кажа дека ја освоив првата награда. Бев многу среќна”, видно возбудена рече Тијана Додева на отворањето на церемонијата на изложбата на најдобрите 14 цртежи на Меѓународниот конкурс на тема родова еднаквост во ЕУ Инфо центарот.

08 Октомври 2010

EUI во битола организираше предавања за средношколци

EUi во Факултетот за администрација и управување со информатички системи – Битола на 8 октомври организираше предавање за средношколци на тема ‘Како функционира Европската Унија’.

22 Септември 2010

Европската недела на мобилност – патувај паметно, живеј подобро

По повод Денот без автомобил (22 септември), околу 400 велосипедисти од Скопје учествуваа на велосипедската парада, активност организирана како дел на Европската недела на мобилност. Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати ЈАКУПИ и Секретарот на Град Скопје, Гордана ИВАНОВОЌ на целната линија пред ЕУ Инфо центарот ги поздравија учесниците.

04 Јуни 2010

Предавање за еу пред ученици од основното училиште "Живко Брајковски"

На 4 јуни ЕУ Инфо центарот одржа презентација на тема ЕУ пред осмооделенците од основното училиште "Живко Брајковски" од Скопје. На ова предавање за историјата на ЕУ, нејзините институции, како и заедничките достигнувања на европските држави учествуваа околу 40 ученици. По предавањето, следуваше сесија на прашања и одговори и краток квиз за ЕУ.

27 Maj 2010

Свечености на Денот на Европа 2010 – изобилство од настани

Денот на Европа 2010 и 60-годишнината од Шумановата декларација беа одбележани со 35 настани, кои се одржаа во периодот помеѓу 27 април и 27 мај.

01 Mај 2010

Недела на европски филмови

Од 3 до 9 мај, по повод Денот на Европа, Делегацијата на Европската Унија во соработка со амбасадите на земјите членки на ЕУ во Скопје и Кинотека организираат Недела на европски филмови под мотото "Една Европа, една култура, едно кино".

23 Април 2010

Денот на Европа

Во текот на месец мај, ќе бидат организирани серија на настани со кои ќе се одбележи Денот на Европа-9 мај 2010. Оваа година, Европската Унија ја одбележува 60 годишнината од Шумановата декларација, која за прв пат беше претставена на меѓународниот печат на 9 мај 1950.

01 Април 2010

Предавање за ЕУ за основни училишта од Гостивар

На 01 април, ЕУ Инфо центарот и ЕУ Инфо точката од Гостивар организираа предавање за ЕУ за ученици од седмо и осмо оделение од следните основи училишта од Гостивар: “Мустафа Кемал Ататурк”, “Исмаил Ќемаили” и ”Гоце Делчев”.

09 Март 2010

Денови на информатичко општество во ЕУ Инфо центарот

На 9 март ЕУ Инфо центарот организираше панел дискусија за “Информациски и комуникациски технологии за јавните услуги” со цел да се споделат најдобрите искуства и практики на ЕУ во оваа област. Покрај тоа, намерата на оваа панел дискусија беше да ги охрабри идните национални дискусии и неопходните активности во врска со употребата на ИКТ за јавните услуги.

25 февруари 2010

Предавање за учениците од основните училишта од Кочани

На 25 февруари, ЕУ Инфо центарот и ЕУ инфо точката од Велес организираа предавања за ученици од седмо и осмо одделение од следните основи училишта од Кочани: “Никола Карев”, “Св. Кирилл и Методиј”, “Раде Кратовче” и “Малина Поп Иванова”.

09 Февруари 2010

Денови на побезбеден интернет – предавање за ученици од основни училишта

Околу 60 ученици од 6 основни училишта од Скопје на 6 февруари во ЕУ Инфо центарот присуствуваа на предавање за побезбедна употреба на интернетот. Настанот беше организиран со цел да се одбележат Деновите на побезбеден интернет, под годинешното мото “Размисли пред да постираш”.

08 Февруари 2010

Денови на информатичкото општество во ЕУ Инфо центарот

Од 9 до 26 февруари, Делегацијата на Европската Унија во ЕУ Инфо центарот ќе организира серија на настани насловени “Денови на информатичкото општество”, чија цел ќе биде да се подигне свеста за политиките и активностите на ЕУ во оваа област.

22 Jануари 2010

Предавање за ЕУ за пет училишта од Велес

На 22 јануари, ЕУ Инфо центарот и ЕУ инфо точката од Велес организираа предавање за ученици од седмо и осмо оделение од пет училишта од Велес.

/></a></html>