30 ДЕКЕМВРИ 2011

ЕУ ГИ ОБНОВИ ТРГОВСКИТЕ ПОВЛАСТУВАЊА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2015

Европската Унија денес повторно го воспостави исклучителното автономно трговско олеснување доделено на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи го и Косово.1, до 2015.

21 ДЕКЕМВРИ 2011

ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК/ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ КЕТРИН ЕШТОН ГИ ПОПОЛНИ ТРИТЕ ПОЗИЦИИ НА ЕВРОПСКАТА НАДВОРЕШНА АКЦИОНА СЛУЖБА

Брисел, 21 декември 2011 – Кетрин Ештон, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика/заменик претседател на Комисијата, денес ги објави нејзините намери за пополнување на испразнетите позиции во Европската надворешна акциона служба.

16 ДЕКЕМВРИ 2011

ЕУ ГО ПОДРЖА РЕНОВИРАЊЕТО НА ГРАДСКИОТ ТЕАТАР ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во недела, 18 декември 2011, во 19:00 часот, со театарската претстава "Свадбата на Фигаро " градскиот театар на Гевгелија ќе го одбележи успешното реновирање на театарот подржано од Европската Унија.

14 ДЕКЕМВРИ 2011

СТУДЕНТИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ГО ПОСЕТИЈА ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ

ЕУ Инфо центарот на 14 декември беше домаќин на околу 50 студенти од Меѓународниот балкански универзитет на Скопје. Тие учествуваа на предавање за историјата и создавањето на Европската унија, нејзиното функционирање и институции , како и за можностите кои ги нуди ЕУ на младите генерации.

10 ДЕКЕМВРИ 2011

ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА 2011 ОДБЕЛЕЖАН СО НЕКОЛКУ НАСТАНИ

По повод Денот на човековите права (10 декември) Делегацијата на Европската Унија во соработка со Обединетите Нации и Амбасадата на Кралството на Холандија во ЕУ Инфо центарот организираа серија на настани.

07 ДЕКЕМВРИ 2011

БОРИС ГОРДАНОСКИ – ПОБЕДНИК НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА ‘ЖАН МОНЕ’ 2011

Победникот на конкурсот за најдобра фотографија ‘Жан Моне’ 2011, објавен од Делегацијата на ЕУ е Борис Грданоски, уредник за фотографија и репортер на дневниот весник Вест, и фото – дописник на Асосиејтед Прес.

07 ДЕКЕМВРИ 2011

ПОСЕТА НА Г-ДИН ЖАН-МАРИ СЕЈЛЕР, ДИРЕКТОР НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОРАТ ЗА РЕГИОНАЛНА ПОЛИТИКА, ПО ПОВОД СВЕЧЕНОТО ПОТПИШУВАЊЕ БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ ЗА КОРИДОР Х И ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО ПРИЛЕП

На 7-9 декември 2011 година, г-дин Жан-Мари СЕЈЛЕР, Директор на Генералниот директорат...

05 ДЕКЕМВРИ 2011

НАСТАН ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ: “ПОДДРШКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ”

На 6 декември 2011 година, во 11:00 часот, се организира настан по повод започнувањето на твининг проектот финансиран од Европската Унија: "Поддршка на националната политика за вработување” во Информативниот центар на Европската Унија.

02 ДЕКЕМВРИ 2011

ЕУ ГО ПОДРЖУВА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ И РАЗВОЈОТ НА ОБРАЗОВНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ОПИСМЕНУВАЊЕ И ЗАВРШУВАЊЕ НА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ЛИЦА

На 5 декември 2011, со почеток во 11:00 часот, во Филозофскиот факултет ќе се организира настан...

01 ДЕКЕМВРИ 2011

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО НА ИДНИТЕ ИЗВОРИ ЗА РАСТ

На 30 ноември, со почеток во 10:00 часот, Европската Унија, Полското претседателство и Македонската Влада организираат Конференција на високо ниво за економските политики за подобрување на економскиот потенцијал и идентификување на идните извори на раст.

30 НОЕМВРИ 2011

ПОТПИШУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ДОГОВОР ЗА КОМПОНЕНТА I ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ (ИПА) 2010: ТРАНЗИЦИСКА ПОМОШ И ИНСТИТУЦИОНАЛНА НАДГРАДБА, ПРИ ЦЕНТРАЛИЗИРАНОТО И ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНОТО УПРАВУВАЊЕ

На 30 ноември, со почеток во 10:00 часот, Европската Унија, Полското претседателство...

29 НОЕМВРИ 2011

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВИСОКО НИВО ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ: "ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО НА ИДНИТЕ ИЗВОРИ ЗА РАСТ”

На 30 ноември, со почеток во 10:00 часот, Европската Унија, Полското претседателство и Македонската Влада организираат Конференција на високо ниво за економските политики за подобрување на економскиот потенцијал и идентификување на идните извори на раст.

23 НОЕМВРИ 2011

ПРОМОТИВНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПОДДРШКА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ“

На 24 ноември 2011 година, во 14:00 часот, во ЕУ Инфо Центарот се организира промотивна конференција за проектот финансиран од страна на ЕУ „Поддршка за Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување“.

16 НОЕМВРИ 2011

ПРОМОЦИЈА НА ПРОГРАМАТА НА ЕУ ФП7 И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 100 - ГОДИШНИНАТА ОД НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА ДОДЕЛЕНА НА МАРИЈА СКЛОДОВСКА – КИРИ

На 16 ноември, во ЕУ Инфо центарот, се одржа презентација на Седмата рамковна програма (ФП7), најголемата програма на ЕУ која го финансира 'триаголникот на знаење' – истражување, образование и иновации. Овој настан беше организиран по повод 100 – годишнината од Нобеловата награда...

10 ОКТОМВРИ 2011

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ

Делегацијата на Европската унија во Скопје го има тоа задоволство да ве покани на конференција за печатот во среда, 12 октомври во 14:30, по повод претставувањето на годишниот извештај за напредокот на земјата и стратешкиот документ.

6 ОКТОМВРИ 2011

ПРЕДАВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА “ЈОСИП БРОЗ ТИТО” ВО ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ

Серијата предавања од “Отворени врати за учениците” оваа сезона продолжува со посетата на учениците од гимназијата “Јосип Броз Тито” од Скопје.

30 ЈУНИ 2011

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЛУЃЕ И КУЛТУРА НИЗ ЗЕМЈАТА

Во текот на месец јуни, Делегацијата на Европската Унија во соработка со општините организираше денови за презентација на програмата Луѓе и култура во Охрид, Кавадарци, Битола и Кочани. Настаните содржеа два дела: претставување на Програмата на заедниците Култура 2007 – 2013 и изведба на уметници од земјата кои беа вклучени во проектот: Југоисточна Европа – Луѓе и култура.

7 ЈУНИ 2011

ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА “ИЗВОРЧЕ МОНТЕСОРИ” ГО ПОСЕТИЈА ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ

На 7 јуни околу 20 деца од градинката “Изворче Монтесори” од Скопје го посетија ЕУ Инфо Центарот . Тие учествуваа на интерактивнo предавањe прилагодени за нивната возраст кои вклучуваа основни информации за ЕУ симболите- знаме, химна и мото. Некои од политиките на ЕУ како што се животната средина или заштедата на енергија, исто така, беа објаснети преку анимирани филмови.

1 Јуни 2011

Прослава по повод Денот на Европа низ целата земја!

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Европското движење организираа повеќе од 30 настани за да се одбележи 61 роденден на Европската Унија и процесот на евроинтеграциите да се приближи поблиску до граѓаните.

31 Maj 2011

Ученици од ОУ Димо Хаџи Димов го посетија ЕУ Инфо центарот

На 31 мај ЕУ Инфо центарот беше домаќин на околу 60 ученици од Основното Училиште Димо Хаџи Димов од Скопје. Тие учествуваа на предавање за историјата на ЕУ, нејзините институции, како и заедничките достигнувања на европските народи и можностите за помладите генерации. По предавањето, следуваше сесија на прашања и одговори и краток квиз за ЕУ...

14 МАЈ 2011

НА 14 МАЈ, ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ БЕШЕ ДОМАЌИН НА ГОДИНЕШНИОТ ХЕПЕНИНГ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Оваа година традиционалниот хепенинг по повод Денот на Европа се одржа во Градскиот парк на Скопје. Ученици од основните училишта од општините на Скопје: Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај и Чаир ги претставија културите на 27-те земји членки на ЕУ...

29 Април 2011

Започна прославата на Денот на Европа!

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Европското движење организираат повеќе од 30 настани за да се одбележи 61 роденден на Европската Унија и процесот на евроинтеграциите да се приближи поблиску до граѓаните.

28 Април 2011

ЕУ го поддржува Генералниот секретаријат во изградба на капацитетот за соработка со цивилното општество

Во четврток на 28 април 2011година, во ЕУ Инфо центарот се одржа официјална презентација на проектот финансиран од ЕУ “Техничка поддршка на Единицата за соработка со НВО во Генералниот секретаријат”. Проектот цели кон тоа да го подобри капацитетот на Одделението за соработка...

15 Февруари 2011

Европска недела на одржлива енергија - 'Интелигентна енергија за одржлива иднина'

Делегацијата на Европската Унија ја одбележа Европската недела на одржлива енергија 2011 со одржување на неколку настани чија цел беше подигнување на свеста за енергетската ефикасност и обновливата енергија. Неделата, која ги здружи носителите на одлуките, граѓанското општество и сите засегнати страни, се одржа под слоганот ‘Интелигентна енергија за одржлива иднина’.

24 Март 2011

Политиките и програмите на ЕУ презентирани пред граѓаните

Во периодот февруари – март, градовите Куманово, Битола, Кочани, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Велес организираа бројни презентации кои покрија теми важни за процесот на пристапување во ЕУ, обезбедувајќи информации за помошта на ЕУ за државата, како и информации за политиките и програмите на ЕУ, како што се објаснување на проширувањето и презентација на наодите од...

9 Март 2011

ЕУ го прославува Меѓународниот ден на жената

Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот организираа серија на настани со цел на одбележувањето на 100 годишнината на Меѓународниот ден на жената. По повод оваа важна годишнина, на 9 март 2011, во ЕУ Инфо центарот се организираше панел дискусија со наслов “Да направиме нештата да се случат – економските, политичките и социјалните достигнувања на женитe...

1 Март 2011

Ученици од основното училиште Невена Ѓеоргиевa Дуња го посетија ЕУ Инфо центарот

На 1 март, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на 30 ученици од основното училиште Невена Ѓеоргиева Дуња од Скопје. Тие присуствуваа на предавање за историјата на ЕУ, нејзините институции како и за заедничките достигнувања на европските нации. По предавањето, учествуваа во сесија наменета за прашања и одговори и во краток квиз за ЕУ.

24 Февруари 2011

Предавање за ЕУ за ОУ "Св. Кирил и Методиј"

ЕУ Инфо центарот организираше презентација во врска со ЕУ за ученици од седмо и осмо одделение од ОУ “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

16 Февруари 2011

Деца во посета на ЕУ Инфо центарот

На 16 февруари две групи на деца од ОУ “Гоце Делчев” го посетија ЕУ Инфо центарот. Целта на нивната посета беше изложбата на слики “Цвеќе за мирот” од Живко Поповски – Цветин која беше поставена во ЕУ Инфо центарот на 15 февруари по повод 20 годишнината од Вишеградската група.

15 Февруари 2011

Изложба на фотографии “Homo Urbanus Europeanus”

Изложбата “Homo Urbanus Europeanus” на францускиот фотограф Марк Карачи ќе биде изложена во ТЦ Рамстор од 16 февруари до 16 март. Изложбата, поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, содржи 60 фотографии кои претставуваат 31 главни градови на Европа, сите во ист стил трезвени и без културна и социјална видливост, при што се фаворизира сличноста на разликата...

08 Февруари 2011

Ден на побезбеден интернет "Животот на интернет е повеќе од игра!"

По повод Денот на побезбеден интернет на 8 февруари во 11.00 часот во ЕУ Инфо центарот Делегацијата на Европската Унија и Фондацијата Метаморфозис организираа предавање кое имаше за цел да ја подигне свеста меѓу младите генерации за безбедна употреба на новите технологии и потенцијалното влијание на виртуелниот свет врз реалниот.

21 jануари, 2011

Информативен ден за ЕУ програмата “Европа за граѓаните”

На 21 јануари во ЕУ Инфо центарот Делегацијата на Европската унија и Министерството за образование и наука организираа информативен ден за ЕУ програмата “Европа за граѓаните” со цел информирање на соодветните учесници во програмата, како што се властите на локалната самоуправа, организациите кои ја истражуваат европската јавна политика (тинк-тенкови)...

13 јануари, 2011

Шести годишен собир на граѓанското општество: Инаугурација на новата генерација на ЕИДХР Проекти

На 13ти јануари (среда) во ЕУ Инфо Центарот беше организиран традиционалниот годишен собир на граѓанското општество. Настанот имаше цел не само да даде осврт на досегашните постигнувања, заедничките искуства и соработка туку овозможи и размена на мислења во врска со предизвиците...

11 јануари, 2011

Прес конференција за приоритетите на унгарското претседателство

Во вторник, 11 јануари, Специјалниот претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на Европската Унија Ерван Фуере и Амбасадорот на Унгарија во Скопје Ференц Кекеши ги претставија приоритетите за наредните шест месеци, особено приоритетите на Унгарското претседателство како дел на ЕУ претседателското трио со Шпанија и Белгија.

04 јануари, 2011

Волонтер! Направи разлика: Европската Комисија ја започна Европската година на волонтерството 2011

На 2 декември, Европската Комисија ги претстави целите и активностите на Европската година на волонтерството 2011 како и годинешниот слоган: ‘Волонтер! Направи разлика’. Главната цел на Европската година на волонтерството 2011 е да ја истакне работата на волонтерите, да ги охрабри...

/></a></html>