18 декември 2012

ЕУ го поддржува вработувањето на младите, на долготрајно невработените и на жените

Во среда, на 19 декември 2012, во 10:00 чсот, во хотелот Александар Палас (Конгресна сала 3), ќе се одржи завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ “Поддршка за вработувањето на младите, на подолго невработените и на жените”.

17 Декември 2012

Поддршка на ЕУ за системот за јавни набавки

Во вторник, 18 Декември 2012, во 10:00 часот, со завршна конференција ќе се одбележи успешното комплетирање на твининг проект финансиран од ЕУ: “Поддршка на системот за јавни набавки”. Настанот ќе се одржи во “Сити Хол” МКЦ, ул. “кеј Димитар Влахов” бб – Скопје.

14 декември 2012

Завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ “Размена на најдобри практики на ЕУ во областа на спроведување на Законот за спречување на дискриминацијата”

Во вторник, 15 јануари 2013, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршната конференција за проектот финансиран од ЕУ “Размена на најдобри практики на ЕУ во областа на спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминацијата”.

13 декември 2012

Подобра контрола на болестите кај животните за поздрав живот на луѓето - ЕУ ги подобрува националните ветеринарски служби за транспонирање на законодавството на ЕУ

Во петок, на 14 декември, по повод успешното завршување на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетите на ветеринарните служби за спроведување на законодавството на ЕУ“, во ЕУ Инфо центарот ќе се презентираат клучните резултатите, податоците и идните планови на проектот.

11 Декември 2012

Во ЕУ Инфо центарот се одбележа 150 годишнината од раѓањето на Густав Климт

На 11 декември 2012, Делегацијата на Европската унија и австриската амбасада, во соработка со Галеријата Остен, организираа неколку настани по повод 150 годишнината од раѓањето на еден од најголемите австриски сликари, Густав Климт (1862-1918)...

7 Декември 2012

Нобеловата награда за мир на Европската унија и Денот на човекови права 2012

Во понеделник, 10 Декември, во ЕУ Инфо центарот, Делегацијата на Европската унија ќе организира неколку настани по повод, Денот на човековите права 2012 и нобеловата награда за мир.

6 Декември 2012

Церемонија за доделување на наградата ‘Жан Моне’ 2012

На 6 Декември, Делегацијата на Европската унија ќе ја организира традиционалната церемонија за доделувањето на наградите „Жан Моне” на победниците за 2012 година. Наградите ќе бидат објавени од Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав и Претседателот на жирито на наградата „Жан Моне“, Горан Милиќ, Директор на вестите на Ал Џезаира Балкан.

22 Hоември 2012

Заврши твининг проектот за поддршка на Народниот правобранител

Вo петок, на 23 ноември со почеток во 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се организира настан со кој ќе одбележи крајот на твининг проектот финансиран за поддршка на Народниот правобранител.

19 Hоември 2012

Потпишување на три Договори финансирани преку ИПА и отворање на изложба на фотографии на проекти финансирани од страна на ЕУ: Партнери во реформите

Во четврток, 20 ноември, во 13:00 ч., во Националната галерија Чифте амам, ќе се одржи церемонија по повод потпишувањето на Договорот за финансирање според ИПА, Договорот за финансирање прекугранична соработка со Грција 2011...

15 ноември 2012

11-то издание на Синедејс со над 80европски филмови

Од 15 до 25 ноември, на 11-то издание на Европскиот филмски фестивал ќе бидат прикажани 80 филмови од различни категории.

6 Ноември 2012

ЕУ продолжува со поддршката на Државниот завод за статистика

Во среда, на 7 ноември, во 11:30 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се организира настан на кој ќе биде одбележи почетокот на твининг проектот финансиран од ЕУ: “Поддршка на Државниот завод за статистика за изградба на капацитетите и подобрување на усогласеноста на статистичките податоци со стандардите на ЕУ“.

1 Ноември 2012

Јакнење на капацитетите за интеграција на маргинализираните жени на пазарот на трудот, со посебен фокус на жените од етничките малцинства

Во четврток, 1 ноември, во 10:30ч., во ЕУ Инфо центарот со официјална церемонија ќе се означи почетокот на ИПА проектот: „Јакнење на капацитетите за интеграција на маргинализираните жени на пазарот на трудот, со посебен осврт на жените од етничките малцинства

27 Октомври 2012

Различна ноќ во ЕУ Инфо центарот: Џез звуци како дел од серијата настани “Културни приказни”

Звуци на џез-стандарди и импровизации вибрираа на стаклените ѕидови на ЕУ Инфо центарот, во текот на првиот од серијата настани именувани како „Културни приказни“ во саботната дождлива вечер.

26 Октомври 2012

Наташа Толовска – Победник на натпреварот за најдобар есеј “Зошто е кул да си стар”

Ученичката во средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје – Наташа Толовска е победник на натпреварот за најдобар есеј “Зошто е кул да си стар” организиран како дел од програмата за одбележување на Европската година за активно стареење и солидарност помеѓу генерациите.

26 октомври 2012

ЕУ Инфо центарот организира Џез работилница со Стефан Шулце, Петар Евалд и Бекјард Џез Оркестар во рамките на серијата настани за културни приказни

Во сабота, 27 октомври, во 19:00 часот, работилница за џез музика ќе собере познати регионални и европски џез музичари од Бекјард Џез Оркестар заедно со студенти на Џез Академијата од Штип во сесија отворена за други музичари и јавноста.

26 Октомври 2012

Зајакнување на капацитетите на локално и централно ниво за управување со животната средина во областа на квалитетот на воздухот

Во понеделник, 29 октомври, во 10:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи формална церемонија за одбележување на крајот на твининг проектот: ‘Зајакнување на капацитетите на локално и централно ниво за управување со животната средина во областа на квалитетот на воздухот’.

24 Октомври 2012

Церемонија за доделување на наградата: натпревар за најдобар есеј “Зошто е кул да си стар?”

Во четврток, на 25 октомври 2012-та година, во 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се организира церемонија за доделување на наградата за натпреварот за најдобар есеј за средношколци на тема “Зошто е кул да си стар”.

22 октомври 2012

ЕУ продолжува да ја поддржува реформата на полицијата и казненото право во земјата

Во среда, 24 октомври 2012 г., во 11.00 часот, во ЕУ Инфо центарот, ќе биде обележано официјалното отпочнување на проектот „Поддршка на реформата на националната полиција и казненото право“, финансиран од ЕУ.

19 Октомври 2012

Потпишување на финансискиот договор за ИПА прекугранична програма 2011 со Косово

Во понеделник, 22 октомври, во 11:00 часот, во просториите на Владата (Илинденска бб) ќе се организира церемонија на која ќе биде потпишан финансискиот договор на програмата за прекугранична соработка ИПА со Косово.

8 Октомври 2012

Делегацијата на Европската Унија објавува конкурс за наградата „Жан Моне“ за 2012

Делегацијата на Европската Унија го објавува конкурсот за наградата „Жан Моне“која годинава ја прославува својата 10-годишнина. По повод 10-та годишнина, наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории за најдобри достигнувања во покривањето на теми поврзани со ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ.

27 Септември 2012

ЕУ ја финансира третата фаза на вакцинација на лисици против беснило

По повод Светскиот ден против беснило (28 септември), Делегацијата на Европската унија и Агенцијата за храна и ветеринарство организираат низа настани за обележување на овој значаен меѓународен ден, со започнување на третата фаза на вакцинација на лисици против беснило, финансирана од страна на Европската унија.

26 Септември 2012

ЕУ ги зајакнува капацитетите на Бирото за метрологија

Во четврток, 27 септември 2012, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршна конференција на која ќе се одбележи успешното завршување на проектот финансиран од ЕУ “Техничка поддршка за унапредување на капацитетите на Бирото за метрологија”.

25 септември 2012

ЕУ го зајакнува капацитетот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за контрола на државната помош

Во среда, 26 септември 2012, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот се одбележува официјалното отворање на твининг проектот “Помош за Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за контрола на државната помош..

24 септември 2012

ЕУ ја поддржува интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем

Во вторник, 25 септември, во 11:00 часот, во ОУ. „Живко Брајковски“ (ул. Хо Ши Мин, Општина Бутел) ќе биде најавен официјалниот почеток на твининг проектот „Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“. На настанот, официјални обраќања ќе имаат...

20 септември 2012

Европска недела на мобилност – “Движење во вистинска насока”

По повод Европската недела на мобилност 2012, Делегацијата на Европската унија во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање организираат неколку настани ...

17 Септември 2012

Соопштение на Комесарот Штефан Фуле по неговата средба со Никола Груевски, Премиер на поранешна Југословенска Република Македонија

„Задоволство ми е што во Скопје сум по трет пат годинава, со цел да продолжиме со агендата на Пристапниот дијалог на високо ниво. Од нашата прва средба во март, се променија многу работи, вклучително и времето во текот на кое медиумите чекаат средбата да заврши. Ова покажува само колку нашите дискусии се супстанцијални и значајни.

24 Јули 2012

Изјава на Комесарот Штефан Фуле дадена на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за асоцијација со Република Македонија

“Денешната средба на Советот за стабилизација и асоцијација претставуваше корисна можност заеднички да се разгледа напредокот за процесот на пристапување, вклучувајќи ги и приоритетните области кои потпаѓаат под Пристапниот дијалог на високо ниво.

20 Јули 2012

Досега најголемиот број повици за следната етапа на ФП7

Европските напори за истражување и иновација се поставени на начин да добијат значителен пораст во фондовите со објавувањето на најголемиот повик за доставување предлози во рамките на Седмата Европска Рамковна Програма (ФП7).

25-27 Јуни 2012

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) презентации организирани во Дебар, Кочани и Гевгелија

Претставници на општините, граѓански организации, спортски здруженија, културни друштва, бизнис заедница, итн. во градовите Дебар, Кочани и Гевгелија ќе имаат можност да научат повеќе за ЕУ инструментот за претпристапна помош (ИПА).

25 Јуни 2012

Проект финансиран од ЕУ за имплементација на стратегија за Ромите

На 2 јули 2012, понеделник, во 10.00 часот, ќе биде одржана завршната конференција на проект финансиран од ЕУ ”Подршка за имплементација на Стратегијата за Ромите“.

20 Јуни 2012

Мрежа за застапеност на слепите лица на Западниот Балкан

Ми претставува чест да бидам денес со вас со цел заедно да ги промовираме и споделиме досегашните резултати на овој значаен проект: "Мрежа за застапеност на слепите лица на Западниот Балкан".

19 Јуни 2012

ЕУ ја поддржува мрежата за застапеност на слепите лица на Западниот Балкан

Во среда, 20 јуни, Сојузот на слепи лица, во рамките на проектот што го финансира ЕУ, под наслов „ Мрежа за застапеност на слепите лица на Западниот Балкан “, организира панел дебата со цел да ги претстави проектните активности и да развие дискусија за своите главни остварувања.

19 Јуни 2012

ЕУ ја поддржа детската театарска претстава на теми за животната средина

Во среда, 20 јуни, во 10:00 ч., во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи прес конференција за новата детска театарската претстава на Театарот за деца и млади, во соработка со Делегацијата на ЕУ и НВО Арт Медиа.

8 Јуни 2012

ЕУ го подржува воспоставувањето ИПА-Центарот за обука

Во понеделник, 11 јуни, проектот финансиран од ЕУ “Техничка помош за инструментот за обука и поддршка за ИПА” ќе ја одржи својата завршна конференција. По повод презентацијата на резултатите на проектот, Амбасадорот Аиво ОРАВ, Шеф на Делегацијата на ЕУ, г-дин Јован АНДОНОВСКИ, Државен секретар на Секретаријатот за европски прашања и г-дин Арафет ШАБАНИ, Советник на националниот координатор на ИПА...

6 Јуни 2012

Денот на Европа низ градовите ширум земјата

17 настани во 12 градови севкупно беа организирани по повод Денот на Европа 2012. Многу луѓе и се придружи на прославата и земаа учество во панел дискусиите, филмските проекции и театарските претстави.

5 Јуни 2012

Денот на Европа 2012 во Скопје

По повод 62от роденден на Европската Унија беа организирани разновидни активности ширум земјата. Во Скопје Денот на Европа традиоционално се прославува преку неколку големи настани меѓу кои и поставувањето на знамињата на МК и ЕУ на врвот на Водно (5 мај), маратонот за Денот на Европа (6 мај), трката на Келнери и Келнерки (9 мај) и главниот настан за Денот на Европа (12 мај).

4 Јуни 2012

Заврши проект финансиран од ЕУ за Зајакнување на административните капацитети за управување со отпад

Во вторник, 5 јули, Национална работилница за дисеминација на резултатите на проектот за одбележување на затворање на проектот финансиран од ЕУ “Зајакнување на административните капацитети на локално и централно ниво за имплементација и спроведување на законодавството за управување со отпад”.

16 Maj 2012

Реновирањето на Домот на културата во Свети Николе поддржан од ЕУ

На 17 мај 2012, четврток, во 19.30 ч. официјално ќе биде пуштен во употреба Домот на културата во Свети Николе. Домот на култура „Крсте Мисирков“ беше реновиран со помош од Европската унија.

9 Maj 2012

Денот на европа дискусија на креаторите на политики

На 9 мај, среда, во 10:00 часот, по повод прославата на Денот на Европа, ќе се организира дискусија на креаторите на политики на која ќе присуствуваат 70 претставници од 11 земји на Европа, од граѓанското општество кои работат на тематиката за активно граѓанство, општество и програми за владеење.

8 Maj 2012

Хепенинг по повод Денот на Европа во Градски Парк заедно со Фолтин, Тони Ѕен и Фул Стоп

Музичките ѕвезди Фолтин, Тони Зен и Фул Стоп, на прес конференција која ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот во Скопје на 9 мај во 11:00 часот ќе им се обратат на медиумите по повод Хепенингот за Денот на Европа.

7 Maj 2012

Заврши проект финансиран од ЕУ: “Агро-еколошки мерки – можности и предизвици за земјите членки на ЕУ и земјите кандидатки”

Во вторник, 08 мај 2012, во 09:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ: Развој и имплементација на агро-еколошките мерки.

30 Април 2012

Европска година 2012 конкурс за најдобар есеј

Делегацијата на Европската унија, во соработка со Министерството за образование и наука, по повод Европскиот ден на солидарност помеѓу генерациите, го објавува Конкурсот за најдобар есеј на тема „Зошто е кул да си стар“ во рамките на Европската година 2012.

27 Април 2012

Проект финансиран од ЕУ: “Понатамошно зајакнување на институционалните капацитети на Академијата за обука на судии и обвинители” заврши

Во петок, на 27 април 2012-та, во 10:00 часот, во конференциската сала на Академијата за судии и обвинители, на ул. Јане Сандански бр.12 ќе се одржи завршен настан на проектот финансиран од ЕУ “Понатамошно зајакнување на институционалните капацитети на Академијата за судии и обвинители (АСО)”.

23,24 Април 2012

Студенти од Универзитетот Американ Колеџ го посетија ЕУ Инфо центарот

ЕУ Инфо центарот на 23 и 24 април беше домаќин на околу 50 студенти на Американ Колеџ, Скопје. Тие учествуваа на предавање за историјата и создавањето на Европската унија, нејзиното функционирање и институции, патот на земјата кон членството во ЕУ, како и заедничките достигнувања на европските народи и можностите за ситпендии преку програмата Еразмус Мундус.

20 Април 2012

На децата им беше претставена новата европска анимирана серија „Во потрага по Сара Џеј“

Нова проектна анимирана серија која ќе им помогне на децата на 8 – 12 годишна возраст да разберат некои од денешните најважни теми ќе биде лансирана денеска во Скопје во ЕУ Инфо Центарот – ЕУ Делегација, Скопје.

20 Април 2012

Бројни културни и спортски активности за прославата на Денот на Европа 2012

Во понеделник, 23ти април, амбасадорот Аиво Орав, заменик претседателката на Владата задолжена за европски прашања, Теута Арифи, и претседателката на Европското движење, проф. Милева Ѓуровска, ќе одржат конференција за печат во ЕУ Инфо центарот во Скопје со цел да ги претстават активностите за прославата на овогодинешниот Ден на Европа.

11 Април 2012

Детска театарска претстава се изведува во 30 села

Во периодот 9 април – 15 мај, серија театарски претстави, засновани на брошурата на Европската Унија "Да ти кажам една тајна за животната средина" ќе се организира за деца од 30 села ширум земјата. Повеќе од 1500 дечиња од првите одделенија на основните училишта ќе учат за заштитата на животната средина преку театарската претстава и дискусијата за темите кои таа ги опфаќа.

11 Април 2012

ЕУ го подржува проектот за пристап до информации – извор за подобра информираност

На 11 април, среда, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ ќе се организира панел дискусија насловена како: Пристап до информации – извор за подобро информирање со што ќе се одбележи почетокот на проектот финансиран од ЕУ, во рамките на Европскиот инструмент за демокартија и човекови права (ЕИДХР).

9 Април 2012

Презентација на Рамковната програма за конкурентност и иновативност (ЦИП) и други можности за бизнис заедницата финансирани од ЕУ

На 09 април, понеделник, во 10:30 часот, во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ ќе се организира презентација за бизнис заедницата за Рамковната програма за конкурентност и иновативност (ЦИП).

6 Април 2012

ЕУ и УНИЦЕФ ја поддржуваат Националната конференција за „Остварувања, недостатоци и начинот за напредок во реформата на правдата за деца“

Во петок, 6 април, 2012 година, во 10:30, во хотел Холидеј ин, Скопје, се организира финална национална конференција на проектот „Правда за децата“, кој што го финансира ЕУ и го кофинансира и спроведува УНИЦЕФ.

2 Април 2012

Работилница за културата на дебатирањето, слободата на изразување и независните медиуми

Од 3 до 4 април, во Охрид, ќе се организира дводневна работилница со наслов 'Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми' како дел на програмата „луѓе за луѓе“ финансирана од Европската Унија.

Март

Презентација на програмата за прекугранична соработка во Велес и Охрид

Во март и април, програмата за прекугранична соработка им беше презентирана на граѓаните, на претставниците на општините и организациите на граѓанското општество во Велес и Охрид.

Март

Извештај за напредокот 2012 презентиран на локалните заедници

Локалните власти, претставниците на локалните институции, јавните претпријатија и организации на граѓанскиот сектор во Велес, Охрид и Кавадарци, во февруари беа информирани низ директна комуникација во врска со Извештајот за напредокот 2011, преку кој се објаснува напредокот направен кон пристапувањето во ЕУ.

29 Март 2012

Консултации со граѓанското општество: подготовка на Извештајот за напредок 2012

Во периодот од 22 до 26 март, Делегацијата на Европската Унија организира серија на консултации со претставници на граѓанското општество и тинк-тенкови со цел да се разменат ставовите за клучните релевантни прашања од нивниот делокруг на работата и претпристапниот процес на земјата.

21 Март 2012

Објавување на 76-иот национален извештај на Евробарометар

Истражувањето на јавното мислење Стандард Евробарометар се спроведува двапати годишно. Седумдесет и шестиот Евробарометар (ЕБ76) е спроведен во 27-те држави-членки на Европската Унија и во петте земји-кандидатки, во периодот од 5 до 20 ноември 2011 година.

8 Март 2012

‘Жените во медиумите: предизвиците и можностите за постигнување на еднаква застапеност’

На 8 март, Меѓународниот ден на жената, во ЕУ Инфо центарот се одржа панел дискусија - ‘Жените во медиумите: предизвици и можности за постигнување на еднаква застапеност’.
Говорниците ја анализираа состојбата за застапеноста, влијанијата и стереотипите за жените во медиумите.

6 Март 2012

Панел дискусија за медиумска писменост

На 6 март околу 70 учесници на првиот настан во рамките на “Недела на медиумите” – Панел дискусијата посветена на медиумската писменост – имаа можност да учествуваат на дебата посветена на медиумите како и за значењето на компетентното читање на медиумската порака за партиципативната демократија.

29 Фебруари 2012

“Изградба на капацитетите на Државната комисија за жалби“

Клучната цел на проектот е да го поддржи понатамошнот зајакнување на капацитетите на Државната комисија за жалби за обезбедување правна заштита на сите засегнати страни во процедурата за доделување на договорите за јавни набавки.

20 Февруари 2012

Полугодишна конференција за врвен менаџмент

За твининг проектот финансиран од еу: “поддршка на процесот за фискална децентрализација преку зајакнување на капацитетите за стабилен финансиски менаџмент и внатрешна финансиска контрола на локално и централно ниво".

15 Февруари 2012

Трета сесија на обуката “ЕУ за наставници”

Третата група на наставници од основни и средни училишта од Скопје, на 15 февруари учествуваа на активноста “ЕУ за наставниците” чија цел е да ги продлабочи нивните познавања за ЕУ и збогатување на расположливите едукативни материјали на оваа тема што може да ги користат на часовите.

02 Февруари 2012

„ЕУ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ започна во инфо-центарот на ЕУ

На 2 февруари, ЕУ Инфо центарот го посетија повеќе од 60 наставници од основните и средните училишта во Скопје. Тие учествуваа во обуката чија цел е продлабочување на нивните познавања во врска со ЕУ и збогатување на расположливите едукативни материјали на оваа тема што може да ги користат на часовите.

24 ЈАНУАРИ 2012

ЗАВРШУВА ПРОЕКТОТ НА ЕУ ЗА ПОДДРШКА НА ДАНОЧНАТА РЕФОРМА

На 25 јануари 2012 година (среда), во ЕУ ИнфоЦентарот, во 12:00 часот, е организирано официјалното затворање на проектот на ЕУ: Поддршка на даночната реформа.

17 ЈАНУАРИ 2012

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Во среда, 18 јануари, Амбасадорот на Кралството Данска одговорен за поранешната југословенска Република Македонија г-дин Торбен Бриле ќе ги претстави приоритетите на Данското претседателство со Европската унија. Настанот ќе се одржи во ЕУ Инфо-центарот со почеток во 10:30 часот.

/></a></html>