Џез работилницата со Стефан Шулце, Петар Евалд и Бекјард џез оркестарот ја отвори серијата настани на ЕУ Инфо центарот именувана како „Културни приказни“

Во саботата, 27 октомври 2012 година, џез работилницата ги соедини познатите регионални и европски џез музичари од Бекјард џез оркестарот со реномирани и амбициозни македонски џез музичари на настан отворен за пошироката јавност.

По презентацијата на проектот на Бекјард џез оркестарот од страна на неговите основачи – познатите германски џез музичари Стефан Шулце и Петар Евалд, музичарите и учесниците се вклучија во дискусија и импровизирање со џез звуците. Околу 50 учесници, вклучувајќи ги и студентите од Џез академијата од Штип, некои познати македонски музичари како што се Иван Бејков и Тони Китановски, како и неколку млади и непознати музичари учествуваа во спонтана и магична џез сесија која траеше речиси 3 часа, каде што се свиреа добро познати џез стандарди и импровизации.

Овој настан го обележа почетокот на новата програма на серијата настани под името „Културни приказни“, креирана од страна на Делегацијата на ЕУ и ЕУ Инфо центарот чија цел е да ја промовира европската култура како и македонскиот придонес и активно учество во европската култура. Џез работилницата беше организирана во соработка со Скопскиот џез фестивал и Гете Институтот од Скоје.

Настанот беше најавен и покриен од страна на медиумите.


/></a></html>