Културни приказни: “Предизвиците на уметниците во глобалниот свет” Презентација на ARTFACTS.net

Најголемата база на ликовни уметнички дела, уметници и уметнички галерии ArtFacts.Net во соработка со Остен Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Гете Институтот и здружението Општество за македонско-германско пријателство на 11 септември во ЕУ Инфо Центарот организираа презентација насловена “Предизвиците на уметниците во глобалниот свет”, во склоп на серијата на настани Културни приказни.

Марек Класен, директор на ARTFACTS.NET, Тобиас Хилгер, главен уредник/одговорен за собирање на податоци и проценување на ARTFACTS.NET и Корнелија Конеска, извршен директор на галеријата Остен го презентираа ArtFacts.net и говореа за соработката меѓу двете организации.

Галеријата Остен во соработка со ArtFacts.Net од Берлин ќе развијат онлајн платформа за поврзување на македонските уметници и сите други приврзаници на уметноста како кустоси, галеристи, колекционери и љубители на уметноста. Во создавањето на платформата Остен ќе биде помогнат од ArtFacts.Net (www.artfacts.net) која е меѓу најголемите бази на информации и анализи за водечките интернационални уметници. Извршниот директор на "Остен" Корнелија Конеска рече дека идејата била разработувана подолго време, а целта е вклучување во модерните текови.

Во годините на глобализација е многу важно да си поврзан и да соработуваш со странски уметници, особено ако сте мала земја. Оваа платформа ќе биде место за есететско натпреварување на делата на македонските уметници со уметниците од светот, рече Класен на презентацијата во ЕУ Инфо Центарот.

/></a></html>