Прославен 150-от роденден на Густав Климт во ЕУ Инфо центарот

На 11-ти декември, ЕУ Инфо центарот им се придружи на Австрија и на светот во прославување на 150-от роденден на познатиот австриски сликар Густав Климт, во соработка со австриската амбасада и галеријата Остен.

Со цел да се одбележи ова значајна годишнина и да се даде почит на извонредното наследство на Климт, во ЕУ Инфо центарот се одржаа неколку активности наменети за студентите по уметност и архитектура, уметниците, галериите, новинарите како и до пошироката јавност. Беше организирана проекција на играниот филм „Климт“ (во режија на Раул Руиз, а во главна улога е Џон Малкович), во кој се портретира сликарот чии дела го симболизираат југендстилот од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Одбележувањето на 150-от роденден на Климт беше организирано како дел од новоформираниот проект на ЕУ Инфо центарот „Културни приказни“, кој започна во октомври 2012 година и чија цел е промовирање на европската култура како и националниот придонес и активно учество во неа.

/></a></html>