15 декември 2014

Наградата Жан Моне за новинари се доделува по 12 пат

Утре, 16 декември, во 14:00 часот, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, амбасадорот Аиво ОРАВ и претседателот на жирито за наградата Жан Моне, Борис Дежуловиќ, официјално ќе ги објават добитниците на овогодинешните награди за новинарство, професионална фотографија и аматерска фотографија.

5 декември 2014

ЕУ ги поддржа реформите во јавната администрација

Во вторник, 9 декември, во 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за Министерството за информатичко општество и администрација и зајакнување на спроведувањето на национбалниот систем за координација на обуките“.

1 декевмри 2014

Предавање за студентите од Државниот факултет во Тетово

Студенти од Државниот универзитет во Тетово на 1 декеври го посетија ЕУ инфо центарот и следеа предавање за историјата на Европската унија, функционирањето на нејзините институции, процесот на пристапување кон ЕУ, како и за можностите достапни за младите кои ги нуди Европската унија

9 декември 2014

10 декември Ден на човековите права
Упатство на ЕУ за човекови права за слобода на изразување онлајн и офлајн

По повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), Делегацијата на ЕУ организира серија на настани во ЕУ Инфо центарот со цел да го промовира Упатството ЕУ за човекови права на слобода на изразување онлајн и офлајн на, кое беше објавено од Советот на Европската унија во мај 2014 година.

30 октомври 2014

Посета на ЛГБТИ центарот

Во четврток, 30 октомври, во 16:00 часот, амбасадорот на ЕУ, заедно со амбасадорите на Франција – Лоренс Ауер, на Германија – Кристин Алтхаусер, на Словенија – Бранко Раковец и вршителот на должност амбасадор на Кралството на Холандија Петар Верхејвен

21 октомври 2014

ЕУ го поддржува социјалниот дијалог помеѓу Владата и организациите на работодавачите и работниците

Во среда, 22 октомври 2014 со почеток во 10:30 часот, официјално отпочнува проектот финансиран од ЕУ: „Промоција на социјалниот дијалог“ организиран во хотелот Холидеј Ин (Милениум 2 хала).

21 октомври 2014

ЕУ ја поддржа Интегрираната тарифна околина во царинската управа

На 21 октомври 2014, вторник со почеток од 11:00 часот официјален завршен настан во врска со финансираните проекти од ЕУ за Царинска управа ќе биде одбележан во ресторанот „Воденица“.

16 октомри 2014

Посета на градинката Мозаик – модел за интегрирано, мултикултурно образование во Куманово

На 17 октомври (петок) со почеток во 10:30ч., посета на ЕУ-проектот финансиран од страна на Европскиот инструмент за демократија и човекови права: „Мозаик – модел за интегрирано, мултикултурно образование“, ќе биде организиран...

07 октомври 2014

Презентација на клучните наоди на Извештајот за напредок и на Стратегијата за проширување 2014 за поранешната Југословенска Република Македонија

Утре, на 8 октомври, во 14:30, Делегацијата на Европската унија организира следење на презентацијата на комесарот Фуле, кој во Брисел ќе ги претстави извештаите за напредок и стратегиите за проширување за земјите дел од процесот на проширување.

29 септември 2014

Објавени се добитниците на Наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН

Добитниците на првата Награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН, организирана од Делегацијата на Европската унија и МАТА Здружението на преведувачи на Република Македонија беа објавени во петок, 26 септември на свечено доделување на награди во ЕУ Инфо центарот, организирана по повод Европскиот ден на јазиците 2014.

25 септември 2014

Прогласување на победниците на првата Награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН на 26 септември

Победниците на првата Награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи МАТА...

22 септември 2014

Повеќе од 3000 велосипеди се приклучија на парадата со велосипеди

Оваа година Скопје уште еднаш и се придружи на Европската недела на мобилност, која беше прославена во 1906 градови од повеќе од 40 држави во Европа и ширум светот. За прв пат, градовите Берово, Битола, Струмица и Велес исто така земаа учество во програмата.

22 септември 2014

ЕУ поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата

Во вторник, 23 септември 2014, во 13:00 часот, во ЕУ Инфо центарот, ќе се организира официјална конференција за одбележување на почеток на твининг проектот финансиран од ЕУ: Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијаата.

19 септември 2014

Велосипедска парада „Во град без мојот велосипед“ ќе се одржи во понеделник, 22 септември на скопските улици

Повторно оваа година, Делегацијата на Европската унија во партнерство со Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, во понеделник, на 22 септември, ќе ја организираат велосипедската парада „Во град без мојот автомобил“...

17 септември 2014

ЕУ го поддржа развојот на ефективно демократско владеење

На 17 септември, во 11:00 часот, во ЕУ Инфо центарот, ќе се организира конференција за отворање на проектот финансиран од ЕУ „Развој на ефективна демократска локална власт“. Проектот е финансиран од ИПА програмата, компонента I за техничка помош и изградба на институциите 2009.

16 септември 2014

„Наши улици наш избор“ – Денес започнува Европската недела на мобилност!

Оваа година Скопје повторно ќе се вклучи во Европската недела на мобилност, што се организира во повеќе од 1700 градови ширум Европа и светот. За прв пат, и Берово, Битола, Струмица и Велес ќе учествуваат во програмата.

14 август 2014

Меѓународниот ден на младите одбележан во ЕУ Инфо Центарот

Меѓународниот ден на младите 2014, 13-ти август, беше одбележан во ЕУ Инфо Центарот со јавна дискусија на тема „Младите и менталното здравје“, организирана од Националниот младински совет на Македонија како дел од истоимената кампања под слоганот „Менталното здравје е важно“.

Орав и Канчевска ја презентираа новата спогодба за учество во програмата Креативна Европа

На 24ти јули, во ЕУ Инфо центарот, шефот на Делегацијата на ЕУ г. Аиво Орав и министерката за култура, г-а Елизабета Канческа Милевска, ја презентираа новата спогодба за учество во програмата на Европската унија, Креативна Европа.

30 јуни 2014

ЕУ го поддржа Државниот завод за статистика

Во вторник, на 1-ви јули, во 11:30 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршна конференција на твининг проектот поддржан од ЕУ: „ Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.

Патувачкиот автобус на ЕУ го започна патувањето низ земјата

Како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу", патувачкиот автобус на ЕУ заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, амбасадори на неколку земји-членки на ЕУ, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД)...

9 јуни 2014

ЕУ го поддржува отворањето на сензорни и тераписки простории за децата со посебни потреби во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

На 9 јуни 2014, понеделник, во 10:30 часот, H.E. г-дин Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ и првата дама, г-ѓа Маја Иванова, ќе учествуваат на официјалните отворања на една просторија за терапија во Гевгелија и три сензорни простории за деца со посебни потреби во Богданци, Дојран и Гевгелија.

Трчање на Денот на Европа

Десеттото јубилејно издание на Скопскиот маратон во Скопје кој се одржа на 11 мај ги надмина сите претходни изданија во однос на бројот на учесници. Организиран како дел од прославите за Денот на Европа 2014, оваа година на маратонот учествуваа повеќе од 6,000 натпреварувачи од 47 земји.

5 јуни 2014

Прогласени се победниците на натпреварот за најдобро 1 минутно видео за Шекспир

Победниците на натпреварот за најдобро 1 минутно видео за Шекспир, организиран од Делегацијата на Европската Унија и Британскиот Совет по повод 450-тиот роденден на Вилијам Шекспир, беа прогласени на 5 јуни во ЕУ Инфо Центарот.

21 мај 2014

Прв саем на современа уметност – Паратизима Скопје

Континео 2020 (Граѓанско здружение за унапредување и поддршка на културата) од Скопје, во партнерство со YLDA (Асоцијација на млади луѓе за локален развој) од Турин, Италија го организира првиот саем на современа уметност...

Културни приказни: во чест на Зигмунд Фројд

Во среда, на 14 мај, во 12:00, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи предавање за животот и работата на Зигмунд Фројд, по повод 75-годишнината од смртта на таткото на психоанализата. Настанот е дел од програмата на ЕУ Инфо центарот Културни приказни и се организира во рамките на програмата за Денот на Европа 2014 организирана од Делегацијата на ЕУ во соработка со австриската амбасада,

8 мај 2014

Прес- конференција: Автобусот на ЕУ повторно на пат за да се одбележи Денот на Европа

Како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу", патувачкиот автобус на ЕУ заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, амбасадори на неколку земји-членки на ЕУ, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД),

Одбележување на 25-годишнината од смртта на Салвадор Дали

Во 2014 година се одбележува 25-годишнината од смртта на Салвадор Дали, а Делегацијата на ЕУ во партнерство со амбасадата на Кралството Шпанија, галеријата Остен, општина Центар и Факултетот за ликовна уметност во Скопје од 7 до 27 мај ќе организираат неколку активности за да се одбележи годишнината и да се оддаде почит на еден од најпознатите визуелни уметници во Европа.

28 април 2014

Предавање за студентите од Факултетот за бизнис економија во ЕУ Инфо центарот

Студенти од Факултетот за бизнис економија во Скопје на 18 април го посетија ЕУ Инфо центарот и следеа предавање за историјата на Европската Унија, функционирањето на нејзините институции, процесот за пристапување кон ЕУ, како и за можностите достапни за младите кои ги нуди Европската Унија.

Бројни културни и спортски активности по повод прославата на Денот на Европа 2014

Во среда, 30 април, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, Амбасадорот Аиво Оарв, Заменик претседателот на Владата Фатмир Бесими и Претседателот на Европското движење, проф. Милева Ѓуровска, ги претставија активностите по повод прославата на Денот на Европа.

 Натпревар за најдобро 1 минутно видео за Шекспир

По повод 450-годишнината од раѓањето на Шекспир, Делегацијата на ЕУ и Британскиот Совет го објавуваат натпреварот за најдобро видео за сите кои се подготвени да одговорат на предизвикот и да дадат свое толкување за Шекспир во едноминутно видео.

Шекспир @ ЕУ Инфо центарот

По повод 450-годишнината од раѓањето на Вилијам Шекспир, Делегацијата на Европската Унија и Британскиот Совет во април и мај организираат серија настани со наслов ‘Шекспир@21 век’.

23 април 2014

ЕУи на Економскиот факултет во Скопје домаќин на изложбата на фотографии на проекти финансирани од ЕУ „Партнери во реформите”

Во четврток, 24 април, во 11:00 часот, отворањето на изложбата на фотографии од проекти финансирани од ЕУ „Партнери во реформите“ ќе се одржи на Економскиот факултет, Скопје

15 април 2014

Учениците од основното училиште “Димитар Миладинов” го посетија ЕУ Инфо центарот

На 15ти април околу 60 ученици од 7мо и 8мо одделение од основното училиште Димитар Миладинов го посетија ЕУ Инфо центарот. Тие учествуваа на предавање, прилагодено за нивната возраст, за историјата и симболите на Европската Унија, за нејзините институции и тела, за процесот на донесување одлуки, како и за можностите кои ЕУ ги нуди.

8 април 2014

Ученици од основното училиште “Браќа Миладиновци ” го посетија ЕУ Инфо центарот

Околу 60 ученици од 7мо и 8мо одделение од основното училиште „ Браќа Миладиновци“ од селото Миладиновци, на 8ми април го посетија ЕУ Инфо центарот и следеа предавање адаптирано на нивната возраст. За време на предавањето беа објаснети историјата и симболите на Европската Унија, исто така и можностите кои ги нуди Европската Унија

07 Aприл 2014

Предавање за учениците од основното училиште “Грег Кастриот” во ЕУ Инфо центарот

Учениците од основното училиште “Грег Кастриот” од Општината Арачиново го посетија ЕУ Инфо центарот каде го следеа предавањето за историјата на Европската Унија, за функционирањето на нејзините институции, процесот на ристапување како и за можностите достапни за младите луѓе.

19 март 2014

Предавање за ученици од основното училиште „ 25 мај“ во ЕУ Инфо центарот

Околу 50 ученици од основното училиште „ 25 мај“ на 14ти март го посетија ЕУ Инфо центарот и беа дел од предавањето за историјата на Европската Унија, за функционирањето на нејзините институции, за процесот на пристапување како и за можностите кои се достапни за младите.

10 март 2014

Културни приказни: “Ликовната уметност во Франција во 1963” – Предавање од Силваин Лекомбре, куратор во Токио Палатата - Париз

Во среда, 12 март 2014, беше одржано предавање под наслов “Ликовната уметност во Франција во 1963” во ЕУ инфо центарот

6 март 2014

2014 Денот на жената – Борба низ целиот свет  против сите форми на насилство врз жената

Во предвечерието на Денот на жената 2014, на 7 март 2014, петок, во 12:00 часот, амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставници на соодветните амбасади

4 март 2014

Завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ "Индустриски зони и комерцијални патишта во прекуграничната зона"

На 5 март 2014, во 11:00 часот, завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка со Грција: “Индустриски зони и комерцијални патишта во прекуграничната зона" ќе биде oрганизирана во хотел “Сириус”, Струмица.

28 февруари 2014

Официјална презентација на новиот компјутеризиран царински транзитен систем финансиран од Европската Унија 

На 1 март 2014 во 10:00 часот во Царинската администрација (амфитеатар, стара зграда), ќе биде претставен новиот компјутеризиран транзитен систем финансиран од Европската Унија.

26 февруари 2014

Учениците од ОУ Гоце Делчев од Љубанци го посетија ЕУ Инфо центарот

Околу 50 ученици од основнното училиште ОУ Гоце Делче в од  Љубанци, село блиску до Скопје, на 26 февруари го посетија ЕУ Инфо центарот и присуствуваа на предавањето за историјата на Европската Унија, за функционирањето на нејзините институции, процесот на пристапување, како и за можностите кои им се достапни на младите луѓе.

21 февруари 2014

Учениците од ОУ Браќа Рамиз и Хамид го посетија ЕУ Инфо центарот

Учениците од ОУ Браќа Рамиз и Хамид од општината Шуто Оризари го посетија ЕУ Инфо центарот и присуствуваа на предавњето за историјата на Европската Унија...

12 февруари 2014

Предавање на учениците од ОУ Цветан Димов во ЕУ Инфо центарот

На 12 фебруари околу 50 ученици од ОУ Цветан Димов од Скопје го посетија ЕУ Инфо центарот и присуствуваа на предавњето за историјата на Европската Унија...

07 февруари 2014

Културни приказни: Промоција на книгата: ‘’Небо во капини’’ од Наташа Крамбергер

На 7 фебруари, петок, во 19:30 часот, се организираше промоција на книгата „Небо во капини“ (Nebesa v robidah) од Наташа Крамбергер во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (Св.Кирил и Методиј 52-б).

7 февруари 2014

Отворање на изложбата на фотографии на проекти финансирани од ЕУ „Партнери во реформи“ во Струмица

Во понеделник, 10 јануари во 11:о0 часот во трговскиот центар Глобал во Струмица ќе се отвори изложбата на фотографии на проекти поддржани од ЕУ, со наслов „Партнери во реформите“.

04 февруари 2014

Промоција на книгата: ‘’Небо во капини’’ од Наташа Крамбергер

На 7 фебруари, петок, во 19:30 часот, ќе биде организирана промоција на книгата „Небо во капини“ (Nebesa v robidah) од Наташа Крамбергер во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (Св.Кирил и Методиј 52-б).

28 јануари 2014

Партнери во реформите: Преглед и моментална состојба во врска со имплементацијата на помошта од ЕУ

На 30 јануари 2014, во 12:00 часот, шефот на Делегацијата на ЕУ, г. Аиво Орав и вицепремиерот за европски прашања, г-дин Фатмир Бесими на прес конференцијата ќе ја презентираат состојбата ...

28 јануари 2014

ЕУ ја поддржа Комисијата за заштита на конкуренцијата за контрола на државната помош

На 29 јануари 2014 година, во 11:30 часот, во ЕУ Инфо Центарот ќе се организира завршната конференција за проектот финансиран од ЕУ “Поддршка на Комисијата за Заштита на конкуренцијата (КЗК) за контрола на државната помош”.

/></a></html>