Истражувајте ја Европа од нашите интернет катчиња

ЕУ Инфо центарот како и ЕУ Инфо точките низ земјата нудат можност за бесплатно пребарување на голем број интернет –страници на ЕУ. Отворени сме за посетители кои сакаат да ги разгледуваат интернет-страниците на ЕУ со можност за преземање и печатење на ограничен број страници водени од принципите за заштита на животната средина. Ако е потребно печатење на поголем број страници, нудиме можност за „режење на компакт-дискови“ како алтернатива на режењето дрвја.

Посетителите можат да добијат помош од нашите стручни лица при пребарувањето на специфични теми од широкиот спектар интернет-страници на тема ЕУ. Он-лајн пребарувањата на специфични теми можат да бидат извршени по ваше претходно барање.