ЦЕЛИ

Информативниот центар на ЕУ беше основан од Делегацијата на Европската комисија во Поранешна Југословенска Република Македонија, со цел да се зголеми протокот на информации за ЕУ во јавноста. Главниот пристап е да се обезбеди сигурност дека на јавноста и се обезбедуваат систематски, фактички, точни и сеопфатни информации.

Делегацијата на Европската комисија целосно го зема во предвид постојаниот зголемен интерес на граѓаните за процесот на пристапување кон ЕУ и големата побарувачка од информации особено откако земјата се стекна со статус кандидат за членство во ЕУ. Со основањето на новиот инфо центар на ЕУ, Делегацијата има за цел да се зафати со овој особено важен развој во јавната сфера, и притоа да ги приближи европските прашања поблиску до граѓаните. Инфо центарот на ЕУ неодамна беше сместен во пофункционални простории, кои претставуваат подобрена средина за зголемени активности за комуникација.

Основните цели на Центарот се:
  • Подигнување на свеста за Европската Унија
  • Ширење на информации за ЕУ;
  • Зголемување на знаењата за ЕУ, нејзините институции, тела и механизми;
  • Задоволување на потребите од информации за конкретни групи кои имаат интерес и други чинители;
  • Поттикнување на јавни дебати за прашања кои се однесуваат на пристапувањето кон ЕУ;
  • Распространување на информации за основните вредности на Европската Унија;
  • Поддршка за професионалци и истражувачи,
  • Соработка и размена на информации со други Инфо центри на ЕУ.

Обврзаноста и посветеноста на Делегацијата и на вработените во Инфо центарот на ЕУ претставува незаменлив дел од нашата секојдневна работа.