ЕУ и граѓанското општество

Организациите на граѓанското општество - невладините организации, како трговските друштва, здруженијата на работодавачите и други социјални здруженија, им овозможуваат на граѓаните активно да учествуваат во креирањето на политичката агенда. За земја која што се стреми да стане членка на Унијата, постоењето на вибрантно граѓанско општество придонесува кон исполнување на условите за членство во Европската Унија.

Во некои земји кои сакаат да се приклучат кон ЕУ, овие здруженија можат да бидат недоволно ефективни, или пак им недостигаат услови за тие да можат да започнат дијалог со јавните власти, или може да е потребно подобрување на законската регулатива за нивното основање и нивните активности. Ова значи дека граѓаните немаат доволно влијание и сопственост врз реформите кои водат кон проширување.
За таа цел ЕУ:

  • промовира вклучување на граѓаните во социјалниот и политичкиот живот во земјите- кандидати или потенцијални кандидати
  • ги следи политиките на земјите кандидати и потенцијални кандидати кон граѓанското општество
  • обезбедува финансиска поддршка преку ИПА програмите, особено Инструментот за граѓанското општество

Граѓанските организации имаат важна улога во реформите спроведени во земја кандидат за членство во ЕУ, како што е поранешната Југословенска Република Македонија. Нивната работа може да е од суштинско значење во утврдувањето на темпото и квалитетот на процесот на пристапување, како и во генерирањето на поддршка од јавноста за пристапување кон ЕУ.

ЕУ има развиено неколку програми за поддршка на Граѓанското општество::

  • Инструмент за граѓанско општество
  • Европски инструмент за демократија и човекови права
  • Дијалог и консултации со граѓанскиот сектор

Повеќе информации на :

http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia
/eu_the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/civil_society_dialogue/index_en.htm