ЕУ и иновациите

Стратегијата на ЕУ за иновации дефинира стратешки пристап кон иновациите – настојува да го подигне нивото на истражувања и иновации во Европа така што ќе овозможи надежните идеи и откритија побргу да стигнат од проектантското биро до пазарот.

Европа 2020 е стратегијата за раст на Европа за декадата што доаѓа. Во овој свет на промени, ЕУ сака да прерасне во обмислена, одржлива и сеопфатна економија. Овие три приоритети што меѓусебно се зајакнуваат треба да ѝ помогнат на ЕУ и на земјите-членки да постигнат високи нивоа на вработеност, продуктивност и социјална кохезија.

Истражувањето и иновациите се високо на агендата на ЕУ за раст и создавање работни места. Земјите-членки се поттикнуваат да вложуваат 3% од нивниот БДП во истражување и развој до 2020 г. (1% јавно финансирање, 2% вложување од приватниот сектор) – со што ќе се создадат предвидените 3,7 милиони работни места, а годишниот БДП ќе се зголеми за речиси 800 милијарди евра. .

Европската Унија ги поттикнува иновациите во поранешна Југословенска Република Македонија преку програмите ФП7 и ЦИП.

ФП7 Седма рамковна програма за истражување и технолошки развој) е основниот инструмент на ЕУ за финансирање истражувања во Европа.

Повеќе информации::

http://ec.europa.eu/research/fp7/index_en.cfm

http://cordis.europa.eu/fp7/home_en.html

http://www.sep.gov.mk/default.aspx?ContentID=44

ЦИП (Рамковна програма за конкурентност и иновации) обезбедува поддршка за мерките за јакнење на конкурентноста и капацитетот за иновирање во Европската Унија. Со неа особено се поттикнува користењето информатички технологии, технологии за зачувување на животната средина и извори на обновлива енергија.

Повеќе информации:

http://ec.europa.eu/cip/

http://www.sep.gov.mk/default.aspx?ContentID=48