ЕУ и културата

Културата ја сочинува суштината на човековиот развој и цивилизација. Културата прави луѓето да се надеваат и да мечтаат, стимулирајќи ги нашите сетила и нудејќи нови погледи на реалноста. Таа ги зближува луѓето, поттикнувајќи дијалог и предизвикувајќи страст, на начин кој повеќе обединува отколку што разделува. Културата треба да се гледа како збир од дистинктивни духовни и материјални обележја со кои се карактеризира едно општество и една општествена група. Таа дава закрила на литертатурата и уметностите, како и на различните начини на живеење, вредносни системи, обичаи и верувања.

Оригиналноста и успешноста на Европската Унија се должи на нејзината почит кон различните и испреплетени истории, јазици и култури на земјите-членки при градењето на заедничко разбирање и правила кои гарантираат мир, стабилност, просперитет и солидарност – а со нив, и огромно богатство од културно наследство и креативност што се збогатува со секое следно проширување. Ова единство во разноликоста, почитувањето на културолошката и јазичката разноликост во едно заедничко културно наследство ја сочинува сржта на европскиот проект. А тоа е неопходно, повеќе од кога било, во свет што се глобализира.

Со потпишување на Меморандумот за разбирање во јануари 2008 г., поранешна Југословенска Република Македонија почна да учествува во Програмата за култура 2007-2013 на ЕУ. Општа цел на оваа програма е да го зајакне културното подмножество заедничко за Европејците преку развивање културна соработка меѓу креаторите, актерите и институциите во областа на културата на земјите што учествуваат во програмата, за да го поттикне создавањето на европско граѓанство.

http://eacea.ec.europa.eu/culture/