ЕУ и студентите

Високото образование е од суштинска важност за општеството, создавањето ново знаење и неговото пренесување на студентите, и поттигнувањето иновации. Акциите на ниво на ЕУ им помагаат на институциите за високо образование низ цела Европа да се модернизираат, и од аспект на студијските програми и од аспект на начинот на кој работат.

Стратегијата Европа 2020, со своите најдобри иницијативи и новите интергрирани насоки го става знаењето во средиштето на напорите на Унијата за постигнување обмислен, одржлив и сеопфатен раст. Предлогот на Комисијата за Повеќегодишната финансиска рамка 2014-2020 г. ја поддржува оваа стратегија со значително зголемување во буџетот наменет за инвестирање во образование, истражувања и инвовации. Ова од причини што образованието, особено високото образование и неговите врски со истражувањето и иновациите, игра суштинска улога во напредувањето на поединецот и општеството, и во обезбедувањето високо-квалификуван човечки капитал и изразни граѓани какви што ѝ се потребни на Европа за да се создаваат работни места, економски раст и просперитет. Оттаму, институциите за високо образование се клучни партнери за понатамошното спроведување на стратегијата на Европската Унија и за оддржување на растот.

Европската Унија дава поддршка за студентите од поранешна Југословенска Република Македонија преку програмите Еразмус и Еразмус мундус. Овие програми овозможуваат поголема мобилност за студентите и професорите, како и кофинансирање за институциите за високо образование што работат заедно на транснационални проекти за соработка. Нивна цел е да се подигне квалитетот на високото образование и да се промовира дијалог и разбирање меѓу народите и културите преку мобилност и академска соработка.

Постдипломските студии на Еразмус мундус се високо-квалитетни студијски програми на ниво на постдипломски студии во речиси сите академски дисциплини.

Повеќе информации:

http://ec.europa.eu/education/external-relation-programmes/mundus_en.htm

http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/documents/
more_info/studying_europe_en.pdf

Еразмус е најдобрата програма за образование и обука на ЕУ со која се овозможува секоја година 200.000 студенти да учат и работат во странство. Исто така, со неа се финансира соработка меѓу институции за високо образование низ цела Европа. Со програмата се поддржуваат не само студенти, туку и професори и деловен персонал што сакаат да предаваат во странство, како и универзитетски персонал што сака да се обучува.

Повеќе информации::

http://ec.europa.eu/education/lifelong-learning-programme/doc80_en.htm