ЕУ и земјоделството

Аграрната политика на ЕУ – позната како Заедничка земјоделска политика (ЗЗП) – обезбедува соодветното европско производство на храна да оди рака под рака со економски одржливи рурални заедници и активности поврзани со промените во животната средина какви што се климатските промени, управувањето со водите, биоенергијата и бидиверзитетот.

Земјоделските површини и шумите покриваат најголем дел од територијата на ЕУ и играат клучна улога за здрава рурална економија и рурален пејсаж. Земјоделството сè уште може да даде вреден придонес кон одржлив економски развој. Земјоделците извршуваат многу различни функции, од производство на прехранбени и други производи до уредување на руралниот пејсаж, заштита на природата и туристичка дејност. Токму затоа, може да се каже дека земјоделството има повеќе функции.

  • Европа е едновремено меѓу најголемите извозници и најголем светски увозник на храна, претежно од земјите во развој.
  • Земјоделскиот сектор во Европа користи безбедни, чисти, еколошки методи за производство и обезбедува квалитетни производи за да ги задоволува барањата на потрошувачите.
  • Земјоделскиот сектор на ЕУ ги опслужува руралните заедници. Негова задача не е само да произведе храна, туку и да го гарантира опстанокот на природната средина како место за живеење, работа и посети.

Европската земјоделска политика се утврдува на ниво на ЕУ од страна на владите на земјите-членки, кои потоа и ја спроведуваат. Нејзина цел е да даде поддршка на приходите на земјоделците едновремено поттикнувајќи ги да произведуваат високо-квалитетни производи какви што се бараат на пазарот и да истражуваат нови можности за развој, на пример со обновливи еколошки извори на енергија.

Во процесот на стекнување статус на полно членство во Европската Унија, поранешна Југословенска Република Македонија има право на претпристапна финансиска помош за одржлив земјоделски и рурален развој со акцент на подготовките за Заедничката земјоделска политика.

ЕУ придонесува кон одржлив економски развој преку Компонента V од програмата ИПА. Оваа програма обезбедува финансиска помош за преструктурирање на земјоделството и преработувачката индустрија и за нивно усогласување со стандардите на ЕУ за ефикасност на производството, заштитата на животната средина, јавното здравје, здравјето на животните и растенијата, добросостојбата на животните, руралната диверзификација и заштитата при работа. Отворена е само за земјите-кандатки, а со неа раководи Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој.

Повеќе информации:

http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia
/eu_the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/eu_assistance/explaining_ipa/index_en.htm


http://ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp