• Скопје
    EUI – Економски Факултет Скопје
    Адреса: Економски факултет, универзитет "Св. Кирил и Методиј"
    бул. "Крсте Мисирков" бб, 1000 Скопје
    Тел. (++389 02) 3286 835
    Тел. (++389 02) 3286 860
    e-mail: eui-sk@eccf.ukim.edu.mk

    ЕУ Инфо точка во Националната и универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски”
    Адреса: бул. Гоце Делчев бр. 6, 1000 Скопје
    Тел. (++ 389 02) 3226 846
    e-mail: nul@euinfopoint.mk
  • Куманово
    EУ Инфо точка Куманово
    Општина Куманово
    Општински информативен центар
    Адреса: "11 Октомври" бб, 1300 Куманово
    тел/факс: (++ 389 031) 438 663
    e-mail: kumanovo@euinfopoint.mk
  • Тетово
    EУ Инфо Точка Тетово
    Општина Тетово
    Адреса: ул. Дервиш Кара бб, 1200 Тетово
    Тел. 070 548 576
    e-mail: tetovo@euinfopoint.mk

    EUi – Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово
    Адреса: Универзитет на Југоисточна Европа, "Илинденска" бб
    1200 Тетово
    Тел. (++389 044) 356 205
    Факс. (++389 044) 356 001
    e-mail: eui-te@seeu.edu.mk
  • Крива Паланка
    ЕУ Инфо точка во Крива Паланка
    Адреса: “Св. Јоаким Осоговски” 175, 1330 Крива Паланка
    Тел. 031 375 035
    e-mail: krivapalanka@euinfopoint.mk
  • Велес
    EУ Инфо точка Велес
    Општина Велес
    Адреса: ул. "Панко Брашнар" бр. 1400 Велес
    Тел. (++ 389 043) 232 406 лок. 226
    e-mail: veles@euinfopoint.mk
  • Кочани
    EУ Инфо точка Кочани
    Општина Кочани
    Општински информативен центар
    Адреса: "Раде Кратовче" 1, 2300 Кочани
    Тел. (++ 389 033) 279 554
    e-mail: kocani@euinfopoint.mk
  • Битола
    EУ Инфо точка Битола
    Oпштина Битола
    Општински информативен центар
    Адреса: бул. "1 Мај" бб, 7000 Битола
    Тел. (++ 389 047) 208 336
    e-mail: bitola@euinfopoint.mk

    EUi – Факултет за администрација и управување со информатички системи, Битола
    Адреса: Факултет за администрација и управување со информатички систем, Универзитет "Св. Климент Охридски", "Партизанска" бб 7000 Битола
    Тел. (++389 047) 259923
    Факс. (++389 047) 259 917
    e-mail: eui-bt@famis.edu.mk
  • Кавадарци
    EУ Инфо Точка Кавадарци
    Општина Кавадарци
    Адреса: "Маршал Тито" бб, 1430 Кавадарци
    Тел. (++389 043) 400 217
    Тел. (++389 043) 456107
    e-mail: kavadarci@euinfopoint.mk
  • Гостивар
    EУ Инфо Точка Гостивар
    Oпштина Гостивар
    Општински информативен центар
    Адреса: Булl. "Браќа Ѓиновски" бр. 61, 1230 Гостивар
    Тел. (++389 042) 218-167
    e-mail: gostivar@euinfopoint.mk
  • Гевгелија
    ЕУ Инфо точка во Гевгелија
    Адреса: Ул. “Димитар Влахов” 4, 1480 Гевгелија
    Тел. 034 213 843
    e-mail: gevgelija@euinfopoint.mk
  • Охрид
    ЕУ Инфо точка во Охрид
    Адреса: Ул. “Димитар Влахов” 57, 6000 Охрид
    Тел. 046 230 175
    e-mail: ohrid@euinfopoint.mk
  • Дебар
    ЕУ Инфо точка во Дебар
    Адреса: Ул. “8ми Септември” бб, 1250 Дебар
    Тел. 046 831 196
    e-mail: debar@euinfopoint.mk
  • Струмица
    ЕУ Инфо точка во Струмица
    Адреса: “Благој Мучето” 26, 2400 Струмица
    Тел. 034 349 040
    e-mail: strumica@euinfopoint.mk

Делегацијата на ЕУ одржува добро развиена мрежа на ЕУ Инфо релеи кои нудат најразлични услуги, вклучувајќи и бесплатни публикации поврзани со ЕУ, бесплатен пристап до интернет -страниците на ЕУ како и одговарање на прашања и организирање настани поврзани со ЕУ.

ЕУ Инфо точки

Делегацијата на Европската Унија во 2003 година основа мрежа на ЕУ Инфо точки, кои се наоѓаат во неколку градови низ земјата.

Седум ЕУ Инфо точки беа отворени во рамките на Центрите за информирање на граѓаните во општините Битола, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Тетово и Велес. Во 2009 година, во рамките на прославата на Денот на Европа беше отворена нова ЕУ Инфо точка во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климетн Охридски“. Делегацијата планира да отвори уште 5 ЕУ Инфо точки во Охрид, Дебар, Струмица, Гевгелија и Крива Паланка.

Нивната главна намена е да бидат место каде што граѓаните можат да дознаат за функционирањето на Европската Унија, за нејзините институции, за нејзините политики и програми како и за развојот на односите помеѓу ЕУ и поранешна Југословенска Република Македонија.

ЕУ Инфо точките нудат бесплатен пристап до изданијата на тема ЕУ, бесплатен пристап до интернет-страниците на ЕУ како и можност да се учествува на средби или настани на кои се говори на теми поврзани со ЕУ кои се од интерес за граѓаните.

Активностите на ЕУ Инфо точките се:

  • Организирање образовни активности (средби со ученици, дискусии на одредени теми во центрите/училиштата, можностите за стипендии, итн)
  • Организирање дебати, тркалезни маси со претставници од земјите-членки на ЕУ, со претставници од земјите-кандидати за влез во ЕУ, стручњаци од државата;
  • Воспоставување соработка со граѓани, невладини организации, институции, со приватниот сектор, итн, преку овозможување на пристап до информации на тема ЕУ (пристап до интернет, бази на податоци, електронска пошта, состаноци);
  • Воспоставување контакт и размена на искуства со Информативните точки/центри од други држави кои се стремат кон влез во ЕУ;
  • Соработка со локалните медиуми за доставување на точни информации поврзани со Делегацијата на ЕУ во Скопје и за активностите спроведени во државата од страна на земјите-членки на ЕУ.

ЕУи

Првиот Европски документациски Центар ЕДЦ) беше официјално отворен на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995. Подоцна ЕДЦ беше преименуван во ЕУи. Во 2009 беа отворени 2 нови ЕУи центри, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

ЕУи центрите се дел од светска мрежа на Европски информациски центри.

ЕУи центрите се отворени за јавноста во државата и во поширокиот регион. Тие обезбедуваат услуги за академската публика и за владините тела и институции, за невладините организации, претпријатијата и за други заинтересирани страни. Тие располагаат со повеќе од 1,500 изданија и повеќе од 10,000 збирки материјали издадени од Европската комисија Европскиот совет, Европскиот парламент и од други институции и организации на ЕУ. Изданијата се изготвуваат во електронска верзија за да се оформи база на податоци низ која може да се пребарува според најразлични критериумуи. ЕУи центрите исто така овозможуваат он-лајн и оф-лајн услуги за сите нивни корисници. Тие поседуваат и посебна збирка на компакт дискови со правна документација од ЕУ, статистички референтни податоци и општи информации.

Главните активности на ЕУи се:

  • Примоција и обезбедување информации и документација од и за ЕУ,
  • Обезбедување информации за посетителите (главно од универзитетскиот кампус),
  • Поддршка на академските и професионалните истражувачи,
  • Соработка и размена на информации со други ЕУ релеи.

ЕУи се отворени секој работен ден од 7 часот до 15 часот (Скопје), од 9 до 17 часот (Битола) и од 8 до 16 часот (Тетово).

Пристапот до сите публикации е бесплатен, но не смее да се изнесуваат од просториите на ЕУи центрите.