ЕВРОПА ПРЕКУ САТЕЛИТ

Сите посетители, но пред се професионалци од областа на медиумите, стручњаци или истражувачи би биле заинтересирани за програмата „Европа преку сателит (EbS).

Европа преку сателит e телевизиски информативен сервис на ЕУ, пуштен во употреба во 1995. Европа преку сателит обезбедува аудиувизуелен материјал на теми за ЕУ преку сателит наменет за професионалците од областа на медиумите. Програмата се состои од настани во живо, прилози од вести, архивски снимки поврзани со политики и прашања од областа на ЕУ.

Покрај останатите материјали Европа преку сателит нуди и:
  • Институционална содржина од Европската комисија, Европскиот парламент, Советот на министри, Европската централна банка и други институции;
  • Пренос во живо на прес-конференции и брифинзи од институциите, на пленарни седници од Европскиот парламент, Европскиот совет;
  • Архивски снимки, информативни клипови и видео-вести во продукција на Аудиовизуелниот сервис и други институции на ЕУ;
  • Телетекст-сервис кој нуди програмски информации од Европскиот парламент за време на пленарните седници;
  • Он-лајн стриминг во живо и архива на прилози од Европа преку сателит (EbS) до 7 дена од нивното првобитно емитување.
  • Онлајн видео и аудио фајлови со висок квалитет (MPEG2 и МР3) достапни за преземање директно од интернет-страницата