Што е ИПА?

ИПА е кратенка за Инструмент за претпристапна помош. Со помош на Инструментот за претпристапна помош ЕУ ги подржува реформите во земјите што се вклучени во процесот на пристапување кон Европската унија со финансиска и техничка помош. Во текот на пристапниот процес, со фондовите на ИПА се развиваат капацитетите на земјите, што резултира со прогресивни и позитивни случувања во регионот. Буџетот на ИПА за 2007 – 2013 изнесуваше околу 11.5 милијарди евра; неговиот наследник ИПА II, ќе се развива на постигнатите резултати со одвоени средства во висина од 11.7 милијарди евра за периодот 2014-2020.

Корисници на ИПА II се: Албанија, Босна и Херцеговина, поранешна Југословенска Република Македонија, Исланд, Косово, Црна Гора и Турција.

Фондовите за претпристапна помош се сигурна инвестиција во иднината како за земјите вклучени во процесот на пристапување кон ЕУ така и за Европската унија. Таа им помага на корисниците во постигнувањето на политичките и економските реформи, подготвувајќи ги за правата и обврските што произлегуваат од членството во ЕУ. Реформите, на граѓаните треба да им овозможат подобри можности и стандард еднаков на граѓаните на ЕУ. Со фондовите на ИПА се помага и во исполнувањето на целите на ЕУ поврзани со стабилното економско заздравување, снабдување со енергија, транспорт, климатските и промените на живвотната средина итн.

Што е ИПА II?

ИПА II е продолжение на ИПА (2007 – 2013). Подготвена во партнерство со корисниците, ИПА II поставува нова рамка за обезбедување помош за периодот 2014-2020.

Најважната новина на ИПА II е стратегискиот фокус. Стратегиските документи на земјата корисник се всушност стратешки плански документи на земјата за седумгодишен период. Со тоа ќе се обезбеди поголема сопственост со помош на интегрирањето на своите реформи и случувања во агендата.

Стратегискиот документ за повеќе држави ќе ги адресира приоритетите за регионална и територијална соработка.

Целните реформи на ИПА II се во рамките на однапред дефинирани сектори. Секторите покриваат области тесно поврзани со стратегијата за проширување, како што е демократијата и управувањето, владеење на правото, раст и компетитивност. Секторскиот пристап промовира структурни реформи што ќе помогнат во трансформацијата на одредениот сектор и да го израмни со стандардите на ЕУ. Тој овозможува пристап до понаменска помош, обезбедувајќи ефикасност, одржливост и фокус кон резултати.

ИПА II овозможува, исто така, посистематско користење на буџетите за секторска помош. Конечно, му дава поголемо значење на мерењето на изведбата: индикаторите договорени со корисниците ќе помогнат во мерењето до која мера се исполнети очекуваните резултати.

Повеќе за ИПА II: http://ec.europa.eu/enlargement/instruments/how-does-it-work/index_en.htm

Колку може да се обезбеди преку фондовите на ИПА?

ИПА на сила стапи во почетокот на 2007 година, а на земјите кандидати и на земјите потенцијални кандидати ќе им обезбеди безмалку 11,5 милијарди Евра и тоа во периодот 2007 – 2013 година.
Долу е дадена индикативната распределбата на средства од ИПА (во милиони евра) за поранешна југословенска Република Македонија по компоненти:

ИПА Компонента 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
I (Поддршка за транзицијата и
изградба на институциите)
41,641,613 41,122,001 39,328,499 36,317,068 28,803,410 28,207,479 27,941,228
II (Прекугранична
соработка)
4,158,387 4,077,999 4,371,501 5,067,526 5,124,876 5,183,373 5,243,041
III (Регионален развој) 7,400,000 12,300,000 20,800,000 29,400,000 39,300,000 42,300,000 51,800,000
IV (Развој на човечки
ресурси)
3,200,000 6,000,000 7,100,000 8,400,000 8,800,000 10,380,000 11,200,000
V (Рурален развој) 2,100,000 6,700,000 10,200,000 12,500,000 16,000,000 19,000,000 21,028,000
Вкупно 58,500,000 70,200,000 81,800,000 91,684,594 98,028,286, 105,070,852 117,212,269

Колку може да се обезбеди преку ИПА II?

Буџетот на ИПА за 2007 – 2013 изнесуваше околу 11.5 милијарди евра; неговиот наследник ИПА II, ќе се развива на постигнатите резултати со средства во висина од 11.7 милијарди евра наменети за периодот 2014-2020.

Што ќе се случи со ИПА по стартот на ИПА II?

ИПА 2007 – 2013 продолжува да се спроведува.

ИПА беше создадена да обезбеди техничка помош низ пет канали (познати како „компоненти“): помош во транзицијата и изградба на институциите, прекугранична соработка (CBC), регионален развој, развој на човечки ресурси и рурален развој.

Како функционира ИПА – кои се процедурите?

Критериумите за распределба во предвид ги земаат капацитетите на секоја земја за користење и управување со фондовите, како и за почитувањето на условите за пристап.

За земјите што се понапреднати во процесот, возможна е постепена децентрализација или распределба на управувањето со фондовите. На ваков начин спроведувањето на помошта е пофлексибилно.
Средствата се распределуваат во согласност со постепена тригодишна индикативна финансиска рамка за неколку години, која е поврзана со рамката на политиката за проширување, а која пак дава информации за намерите на Комисијата по земја и по компонента.

Врз оваа основа, за секоја земја се изготвуваат повеќегодишни индикативни програмски документи. Во документите се наведуваат посебните цели и изборот на претпристапна помош за кои што одлучила Комисијата. Тие се ревидираат и ажурираат секоја година. Средствата се обезбедуваат во различни облици:

  • Инвестиции во инфраструктура, опрема и деловен развој (на пр. преку склучување договори за набавка или доделување субвенции)
  • Административна соработка, што вклучува стручни лица од земјите членки на ЕУ (на пр. преку твининг)
  • Акции што телата на ЕУ директно ги спроведуваат, а во интерес на земјата корисник на помошта
  • Поддршка за процесот на имплементација и програмско управување
  • Поддршка за буџетот (се доделува само по исклучок)

Учеството во доделувањето набавки или договори е отворено за следните:

  • Сите државјани на земја членка
  • Правни субјекти воспоставени во земја членка на ЕУ или во Европската економска област (EEA), или пак во земја што добива помош од ИПА или од Европскиот инструмент за соседство и партнерство
  • Меѓународни организации

Каде можам да најдам информации за конкурсите да доставување понуди за ИПА?

Во што се состои Програмата за прекугранична соработка?

Програмата за прекугранична соработка е дел од помошта (Компонента II) и ги поддржува активностите за прекугранична соработка помеѓу поранешна југословенска Република Македонија и земјите членки на ЕУ, како и соработка со земја потенцијален кандидат, на пр. Албанија. Програмата исто така помага земјата да учествува и во транснационалната Програма за европска територијална соработка во делот за Југоисточна Европа.

Програми за прекугранична соработка се отворени со Бугарија, Грција и Албанија. За поединечните програми и примери информирајте се повеќе на следниве линкови:

http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/ipa/cbc_cross_border_programme_en.pdf

http://www.sep.gov.mk/Default.aspx?ContentID=79

Што е ЕИДХР (EIDHR)?

ЕИДХР е кратенка за Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Европската Унија, преку ЕИДХР, им дава поддршка на бранителите на човековите права во борбата против репресијата и арбитрарното користење моќ, а целта ѝ е да ги промовира и поддржува човековите права и демократијата ширум светот. Исто така, таа има за цел да ги зајакне активностите на бранителите на човекови права во правец на документирање прекршоци и во правец на поддршка за специјалните процедури на Обединетите нации.

Конкурсите за доставување понуди за овој инструмент се наоѓаат на следниот линк:

http://www.eidhr.eu/whatis-eidhr

Што е Еразмус +?

Целта на програмата Еразмус + е да ги поттикне вештините и можноста за вработување, како и да ги модернизира образованието, обуката и работата на младите. Седумгодишната програма ќе има буџет од 14.7 милијарди евра; зголемување од 40% споредено со моменталните трошоци, што ја отсликува заложбата на ЕУ да инвестира во овие области.

Еразмус + ќе го подржи транснационалното партнерство помеѓу институциите и организациите од областа на образованието, обуката и младите, да ја зајакне соработката и да ги премости светот на образованието и работата со цел да се надминат недостатоците на вештините со кои се соочува Европа.

Ги поддржува исто така и националните заложби за модернизирање на образованието, обуката и младинскиот систем. Во областа на спортот, ќе се поддржат локални проекти и прекугранични предизвици како што се борбата против местењето натпревари, допингувањето, насилството и расизмот.

Повеќе информации: http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/index_en.htm

Дали граѓаните на нашата земја се квалификувани за Еразмус +?

Да. Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност е националната партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со програмата.

Контакт за Националната агенција:

Адреса: Порта Буњаковец A2-1, 1000 Скопје

Тел: +389 2 3109 045

Телефакс +389 2 3109 043

Е-mail: info@na.org.mk

Водичот на програмата Еразмус + може да се најде на следниот линк:
http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/documents/erasmus-plus-programme-guide_en.pdf

Како можам да се пријавам за стипендија преку Еразмус МУНДУС?

Студентите мора да се пријават директно во конзорциумите за магистериуми на Еразмус Мундус кои го нудат курсот што го избрале ((Проверете ја листата на достапни магистерски курсеви преку Еразмус Мундус на вебстраницата на Europa). Иако апликантите можат да се пријават за кој било магистерски курс според програмата Еразмус Мундус, бројот на апликации мора да биде ограничен на максимум три магистерски курса според програмата Еразмус Мундус.

Конзорциумот ги информира заинтересираните студенти за посебните услови за прием (на пр. резултати од студиите, јазични вештини, итн.) и рокот за пријавување. За секој курс има посебни услови за пријавување и прием, како и обрасци и рокови.

Дали ЕУ поддржува индивидуални земјоделци во нашата земја?

Да. Земјоделците имаат право на финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој.

Корисници:
Земјоделски задруги и правни субјекти што се занимаваат со земјоделски активности (мали и средни претпријатија) кои ги исполнуваат минималните национални стандарди поврзани со активноста за која се пријавуваат и кои можат да прикажат зголемена економска одржливост при затворањето на инвестицијата. Поддршката се однесува на инвестиции во областа на производство на вино (само во делот на финализација), преработка на овошје и зеленчук, производство на млеко и млечни производи и кланици.

Мерката за диверзификација на економските активности во руралните средини е отворена за индивидуални земјоделци и микро претпријатија кои што ги исполнуваат минималните национални

Националната институција одговорна за спроведување на фондот на ИПА за рурален развој е Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој::

Каде можам да е пријавам за средства за земјоделство?

Документите треба да се испратат до Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој ::

Адреса:
  Бул: „Трета Македонска Бригада“ 20 Зграда на Македонија Табак, блок Ц 1000 Скопје
Република Македонија
Телефон/Факс:   389 (0) 2 3097 460 / +389 (0) 2 3097 454
E-маил:   ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Дали ЕУ дава поддршка за деловните субјекти во нашата земја?

Дали има програма за училиштата?

Да. Програмата Комениус се фокусира на сите нивоа на училишно образование, од предучилишно, сè до основно и средно образование. Се однесува на сите што се вклучени во училишното образование: главно ученици и наставници, но и локалните власти, претставници на здруженијата на родители, невладини организации, институции за обука на наставници и универзитети.

The Националната агенција за европските образовни програми и мобилност е националната партнерска институција за оваа програма.

Дали ЕУ дава поддршка за младите?

Да. Младите во акција е Програма на ЕУ за млади на возраст меѓу 15-28 години (во некои случаи 13-30 години). Целта ѝ е да инспирира чувство на активно граѓанство, солидарност и толеранција кај младите Европејци и да ги вклучи во оформувањето

Младите во акција е програма за сите! Промовира мобилност во рамките и вон границите на ЕУ, неформално учење и интеркултурен дијалог, а ја охрабрува и инклузијата на сите млади, без оглед на нивната образовна, социјална и културна позадина.

Националната агенција за европските образовни програми и мобилност е националната партнерска институција за оваа програма.

Дали ЕУ на некој начин дава поддршка за образование и обука за возрасни?

Да. Ова е покриено преку програмите Леонардо да Винчи и Грунтвиг .

Преку програмата Леонардо да Винчи се финансираат практични проекти во областа на стручното образование и обука. Иницијативите покриваат од овозможување обука за поединци во странство, а поврзана со нивната работа, па сè до видови соработка од голем размер.

Како дел од Програмата за доживотно учење , на Европската комисија, оваа програма финансира различни видови активности од различен размер. Тука се опфатени иницијативите за „мобилност“, кои на луѓето им овозможуваат обука во друга земја, потоа проекти за соработка за трансфер или развој на иновативни пракси, како и мрежи што се фокусираат на теми во овој секторот.

Лица што се квалификуваат за користење на програмата се оние што посетуваат првична стручна обука, оние што веќе дипломирале, како и професионалци во областа на обука за возрасни, па и лица од организации што се активни на ова поле.

Програмата Грундвиг се фокусира врз потребите за предавање и учење на кандидати што влегуваат во процесот на образование за возрасни и посетуваат „алтернативни“ образовни курсеви, како и врз организациите што ги спроведуваат ваквите услуги. За цел има да помогне во развој на секторот за образование на возрасни, како и да им овозможи на повеќе луѓе да искусат образовни активности, по можност во други европски земји.

Програмата Грундвиг започна во 2000 година, а нејзина цел е на возрасните да им обезбеди повеќе начини за подобрување на своето знаење и вештини, со цел да го олеснат својот личен развој и да ги зајакнат своите перспективи за вработување. Таа исто помага во обидите да се олеснат проблемите поврзани со европското население што старее.

Програмата не опфаќа само наставници, обучувачи, кадар и организации што работат во секторот, туку опфаќа и кандидати за образование за возрасни. Тука се вклучуваат и релевантни здруженија, организации што се занимаваат со советување, информативни сервиси, тела што изготвуваат политики и други, како на пример НВО, претпријатија, волонтерски групи и центри за истражување.

Преку програмата се финансираат различни активности, особено такви што му даваат поддршка на кадарот што се занимава со образование на возрасни да патува во странство, со цел размена и стекнување различни професионални искуства. Дополнителните иницијативи од голем размер опфаќаат, на пример, вмрежување и партнерство помеѓу организации во различни земји.

За оваа програма, национална партнерска институција е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Можам ли да волонтирам во земја членка на ЕУ?

Да, се разбира Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) на младите Европјани им дава единствена можност да ја изразат својата лична посветеност преку неплатена волонтерска работа со полно работно време и тоа во странска земја во или вон рамките на ЕУ. На ваков начин, се бара развој на солидарноста, взаемното разбирање и толеранција кај младите, а се придонесува и кон зајакнување на социјалната кохезија во Европската Унија и се промовираа активно граѓанство помеѓу младите.

За оваа програма, национална партнерска институција е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Можам ли да патувам во земјите на ЕУ без виза?

Да. Од 19 декември 2009 година, на граѓаните на нашата земја повеќе не им треба виза за патување во 25 земји членки на ЕУ и во трите земји вон ЕУ кои што се дел од Шенген зоната.

Оние граѓани што имаат биометриски пасош сега можат слободно да ги посетуваат овие земји, на кратки патувања во траење до 90 дена и тоа секои шест месеци, без оглед дали се работи за деловно патување, студирање или туризам.

Колку долго можам да останам во Шенген зоната?

Патниците од нашата земја во Шенген зоната (сите земји членки на ЕУ освен Велика Британија и Ирска, како и земјите членки на Шенген зоната: Швајцарија, Норвешка и Исланд) можат да останат во времетраење од најмногу 90 дена од датумот на влез и тоа во рамките на еден период од шест месеци (180 дена). Периодот започнува кога влегувате на територија за прв пат во рамките на шестмесечен период.

На пример, ако првпат влезете во Шенген зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период започнува на 1 август. Доколку често патувате во Шенген зоната, вие сте одговорни за пресметувањето на деновите што преостануваат во шестмесечниот период. Оттаму, може да одите на неколку кратки патувања, под услов тие да не траат повеќе од вкупно 90 дена во рамките на шестмесечниот период.

Дали визната либерализација значи дека можам да живеам и работам во земјите од Шенген?

Не. Новите правила се однесуваат само на патување. Тие не им даваат на граѓаните право да престојуваат повеќе од три месеци, ниту пак да се вработуваат во горенаведените земји.

Доколку имате намера да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да почнете со студии што траат повеќе од 90 дена, мора да се пријавите за долгорочна виза, престој или работна дозвола во амбасада или конзулат на земјата во која сакате да патувате и тоа пред да го остварите патувањето. Да се работи или живее во Шенген зоната без релевантен национален престој или работна дозвола е нелегално.

Дали има други услови за влез во Шенген зоната?

За имателите на биометриски пасош не постојат дополнителни финансиски или административни услови за слободно патување во земјите од Шенген. Меѓутоа, во примена се нормалните услови за влез на државјани од трети земји што патуваат во Шенген зоната.

На граница, од патниците може да се побара да покажат со кои средства патуваат и со кои средства ќе се издржуваат во текот на нивниот престој во Шенген зоната. Од патниците може да се побара и да посочат на кое место ќе престојуваат (на пр. да покажат хотелска резервација или адреса каде што ќе престојуваат). Освен тоа, лицата не смеат да претставуваат опасност за јавниот ред, јавното здравје или внатрешната безбедност и не смеат да бидат лица за кои има објавено предупредување со цел одбивање на барањето за влез.

Пограничните власти на земја членка имаат право да го одбијат барањето за влез, доколку овие услови не се исполнети, а во нивни раце е и крајната одлука за влез (Член 5 од Шенгенската конвенција). На границата со Грција има специјална процедура. Грчките власти не ставаат печат за влез и излез во пасошот. Наместо тоа, тие печат ставаат на посебен лист што му се дава на патникот.

Што претставува Сината карта на ЕУ?

Сината карта на ЕУ е одговор на Европа на Зелената карта на САД. Сината карта на ЕУ е направена со цел Европа да стане поатрактивна дестинација за високообразованите граѓани надвор од Европската Унија. Сите земји членки на ЕУ, освен Велика Британија, Данска и Ирска, учествуваат во шемата Сина карта на ЕУ.

Услови

За да се добие Сина карта на ЕУ, потребно е да се исполнат следните услови:

  • Не треба да си државјанин на ЕУ
  • Треба да поседуваш квалификација за завршено високо образование
  • Треба да поседуваш валиден договор за работа или обврзувачка понуда за работа во ЕУ

За повеќе информации: http://www.apply.eu/

Дали може да работам во ЕУ?

Слободата да се премине и да се работи во друга држава од ЕУ без дозвола за работа е право на државјаните на ЕУ.

Граѓаните што не се државјани на ЕУ може да имаат право за работа во земја членка на ЕУ или да имаат еднаков третман со државјаните на ЕУ кога станува збор за условите за работа. Овие права зависат од нивниот статус како членови на семејството на државјани на ЕУ и од нивната националност.

Граѓаните од поранешната југословенска Република Македонија кои работаат легално во Европската Унија, ги имаат истите права како и граѓаните на државата во која работаат:

За повеќе информации:
http://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=470

Во врска со ова исто така погледнете го и прашањето “Што претставува Сината карта на ЕУ?”.

Кој може да се приклучи кон ЕУ?

Договорот за Европската Унија вели дека секоја европска земја може да поднесе барање за членство, ако ги почитува демократските вредности на ЕУ и ако е посветена во нивно унапредување.

Секоја земја аспирант мора прво да ги исполни критериумите за пристап. Нив во 1993 година ги дефинираше Европскиот совет во Копенхаген, па оттаму се нарекуваат „Копенхашки критериуми“. Земјите што сакаат да ѝ се придружат мораат да имаат:

  • Стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата
  • Функционална пазарна економија и капацитет за справување со конкуренцијата и пазарните сили во ЕУ
  • Способност за преземање и ефикасно спроведување на обврските што произлегуваат од членството, вклучувајќи тука и држење до целите на политичката, економската и монетарната унија.

ЕУ го задржува правото да одлучи кога земјите аспиранти може да ѝ се придружат. Исто така, таа мора да биде во можност да ги интегрира новите членки.

Која е процедурата за придружување кон ЕУ?

Процесот на придружување кон ЕУ (пристап) во широка смисла се состои од 3 фази:

1. Кога една земја е подготвена, таа станува официјален кандидат за членство – но ова не секогаш значи дека се отвораат формални преговори.

2. Земјата кандидат преминува кон формални преговори за членство, а тоа е процес што опфаќа усвојување на воспоставеното право на ЕУ, подготовки неопходни за негово соодветно користење и примена, како и спроведување правосудни, административни, економски и други реформи потребни за една земја да ги исполни условите за прием, а кои се познати како критериуми за пристап.

3. Кога преговорите и придружните реформи ќе се остварат и тоа на задоволство на двете страни, земјата тогаш може да ѝ се приклучи на ЕУ.

Што всушност претставуваат преговорите за членство?

Преговорите за членство не можат да започнат сè додека за тоа не се договорат сите влади во ЕУ, во облик на едногласна одлука од Советот на ЕУ и тоа за рамка или мандат за преговори со земјата кандидат.

Преговорите се одвиваат помеѓу министрите и амбасадорите на владите на ЕУ и земјата кандидат, преку механизам познат како меѓувладина конференција.

Преговорите според секое поглавје се засновани на следните елементи:

1. Скрининг – Комисијата, заедно со земјата кандидат, спроведува детален преглед на секое поле на политика (поглавје), со цел да одреди колку е подготвена земјата. Наодите по поглавје, Комисијата ги претставува пред земјите членки во форма на извештај за скрининг. Заклучокот од овој извештај е во облик на препорака од Комисијата, или за директно отворање преговори или пак за барање прво да се исполнат одредени услови – првични одредници.

2. Преговарачки позиции – пред да започнат преговорите, земјата кандидат мора да ја достави својата позиција, а ЕУ мора да усвои заедничка позиција. За повеќето поглавја, ЕУ ќе воспостави завршни одредници во рамките на оваа позиција, а кои земјата кандидат ќе треба да ги исполни пред да се затворат преговорите во даденото поле на политика. За поглавјата 23 и 24, Комисијата предлага, во иднина, овие поглавја да се отвораат врз основа на акциски планови, со привремени одредници што ќе треба да се исполнат врз основа на нивното спроведување и тоа пред да се постават крајните одредници.

Динамиката на преговорите, тогаш зависи од брзината на реформите и усогласувањето со законите на ЕУ во секоја земја. Времетраењето на преговорите е различно – започнувањето преговори во исто време со друга земја не е гаранција дека тие ќе завршат во исто време.

Завршување на преговорите

Сè додека секоја влада во ЕУ не изрази задоволство од напредокот на земјата кандидат во дадено поле на политика и тоа според анализа на Комисијата, за затворени нема да се сметаат ниту едни преговори по секое посебно поглавје. Понатаму, целокупниот процес на преговори дефинитивно ќе се затвори штом се затворат сите поединечни поглавја.

1. Пристапен договор

Ова е документ со кој се цементира членството на една земја во ЕУ. Во него се наведуваат деталните услови за членство, сите транзициски аранжмани и рокови, како и деталите за финансиските аранжмани и заштитни клаузули.

Овој договор не е финален и обврзен сè додека не:

  • Добие поддршка од Советот на ЕУ, Комисијата и Европскиот парламент
  • Го потпишат земјата кандидат и претставници од сите постојни земји на ЕУ
  • Се ратификува како од земјата кандидат, така и од секоја поединечна земја на ЕУ, според внатрешните уставни правила (парламентарно гласање, референдум, итн.)

2. Државата што пристапува

Откако ќе се потпише договорот, земјата кандидат станува пристапна земја. Ова значи дека од неа се очекува целосно да стане земја членка на ЕУ на датумот зададен во договорот, под услов тој да е ратификуван.

Во меѓувреме, таа има корист од специјални аранжмани, како на пример право да коментира на нацрт предлози, препораки или иницијативи на ЕУ, а добива и „статус на активен набљудувач“ во телата и агенциите на ЕУ (има право да ги изрази својот став, но не и да гласа).

Кои се земјите членки на ЕУ?

Која држава кога ѝ се придружи на ЕУ?

Првично, организацијата денес позната како Европска Унија, содржеше шест членки: Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија. Данска, Ирска и Обединетото Кралство станаа членки во 1973 година. Следеше Грција во 1081 година, а по неа и Шпанија и Португалија во 1986 година, како и Австрија, Финска и Шведска во 1995 година.

Во 2004 година, во најголемо проширување на ЕУ до сега, земји членки станаа Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.

Во јануари 2007 година, со влезот на Бугарија и Романија, членството на ЕУ се искачи на вкупно 27 земји.

Календар на настани

 Линкови