Приказни од културата

Културни приказни претставува програма со која се промовира европската култура и националниот придонес и активното учество во европската култура.

Програмата Културни приказни организирана од Делегацијата на ЕУ и од ЕУ Инфо центарот во соработка со бројни партнери во рамките на оваа уникатна програма, вклучува културни настани како што се изложби, џем сесии, филмски проекции, предавања и останати возбудливи културни настани.

Делегацијата на Европската Унија во соработка со ЕУ ИнфоЦентарот започна месечен серијал наречен „Европскиот филм зборува“ во чии рамки ќе бидат прикажани наградувани европски филмови. Избраните филмови ќе бидат прикажани за едукативни цели и за да поттикнат дебата во врска со филмската уметност, европската кинематографија од крајот на 20 и почетокот на 21 век, европската политика, процесите на миграција, како и други теми кои се опфатени со филмовите што публиката ќе ги проследи.

Read more

Првата дебата во серијалот „Христијански философски форум“ ЕУ ИнфоЦентарот ја организираше во соработка со Филозофското друштво. Целта на овој серијал е форумот да дејствува како дијалошка платформа која се состои од дискусии на различни философски, теолошки, социјални, политички, етички и културни теми.

Read more

Издавачката куќа АНТОЛОГ во соработка со Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо Центарот организираа дискусија за европската литература помеѓу македонски и европски автори. Главната тема на настанот беше европската литература.

Read more

Во рамките на шеснаесетто издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, италијанската амбасада во Скопје во соработка со Делегацијата на Европската Унија организираше целодневен настан во ЕУ Инфо Центарот посветен на италијанската креативност, мода и дизајн.

Read more

Потенцијалот на мозаикот како креативна индустрија беше тема на денешната дискусија “Во светот на мозаикот” организирана во ЕУ Инфо Центарот од “Добредојде” центарот во Скопје.

Read more

Како писателите ги рефлектираат сегашните проблеми во Европа? Ова беше тема на дискусијата организирана од Издавачкиот центар Готен во Скопје и ЕУ Инфо Центарот.

Read more

На 16 мај, како дел од програмата Културни Приказни, во соработка со Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје и Францускиот Институт во Скопје, беше организирано предавање на тема „Животот и литературното дело на Никос Казанѕакис“ по повод шеесетгодишнината од смртта на познатиот грчки писател.

Read more

По повод 9 мај – Денот на Европа, Делегацијата на Европската Унија, Британскиот совет и ОСТЕН ги претставуваат Британските автори од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртежи. Бритaнската национална колекција во ОСТЕН Музејот на цртеж се состои од 122 автори со околу 200 дела. Меѓу другите, тука се наоѓаат делата на Хенри Мур, Дамиен Хрст, Дејвид Хокни, Френсис.

Read more

Како дел од Културни приказни, ЕУ Инфо центарот започна програма „Про-книжи-го умот“ со цел промоција на европските вредности и култура преку интерактивни модели на културна продукција, форуми и дебати. Земајќи ги предвид некои од годишниците и јубилеите во 2016 година, ќе се дебатира за неколку европски автори и книги коишто ја имаат обликувано европската културна историја, ги создадоа модерните теории и идеологии, ги инспирираа уметноста и социјалните движења и сѐуште имаат огромно влијание врз социјално-културниот контекст денес. Концептот го осмисли Ана Јовкововска, новинарка, којашто ќе биде ги води и дебатите.

Read more

На 14 Април (четврток) со почеток во 19:30 часот, ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на Европската Унија организираше предавање одржано од страна на Горан Стефановски на тема „Тинтин на Балканот“ - нивните клишеа за нас и нашите клишеа за нив. Најпознатиот и најценетиот драмски писател, сценарист и есеист во земјата, зборуваше за културните и социо-политичките стереотипи кои постојат во односите меѓу Балканот и Европа

Read more

Изложбата „Магијата на модрата планина“ беше отворена на 15 февруари во ЕУ Инфо центар. Серијата на изложби се состои од 3 мали изложби (од четири до шест уметници), кои имаат за цел да ја запознаат публиката со тоа како една мала избрана група на познати современи европски уметници, ги перцепираат руралните карактеристики на земјата. Делата кои се изложени се создадени во текот на Програмата “Артист во престој“, во Арт Поинт – Гумно (с. Слоештица)

Read more

 

Првиот концерт во рамки на програмата Европски Современи Композитори се одржа во вторник, 20 октомври, со почеток во 20:00 часот, во Даут Пашин Амам во Скопје. Се состоеше од пиеси од претходно споменатите композитори, кои ќе бидат изведени од страна на музичкиот ансамбл „Con Tempora“.

Види повеќе

 

Издавачката куќа „АНТОЛОГ“ во соработка со Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот, организираа серија настани во месец октомври посветени на Европската литература, вклучително и Промоција на Антологијата на европската љубовна поезија.

Види повеќе

 

Овој февруари, Амбасадата на Обединетото Кралство, Филозофскиот факултет при УКИМ -Скопје, Филозофското друштво и ЕУ инфо центарот на Делегацијата на Европската унија се организатори на Месецот на британската филозофија, како дел од серијата настани на ЕУ инфо центарот под името Културни приказни.

Види повеќе

 

Во вторникот, 20 Јануари 2015, во кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар во Скопје се одржа концертот на саксафонскиот квартетот од Рига. Концертот, како дел од програмата “Културни приказни ”на ЕУ Инфо центарот, беше организиран од Делегацијата на Европска унија и Амбасадата на Република Летонија во Прага, по повод претседателството на Летонија со Советот на Европската унија.

Види повеќе

 

Во вторник, 04 ноември 2014 со почеток во 19 часот, во ЕУ инфо центарот се одржа предавање со наслов "Зошто преработки? Преработки од жени и лекции за обожавателите на Џејн Остин " од д-р Лидеке Плате. Предавањето, дел од програмата “Културни приказни” на ЕУ Инфо центарот е организирано од Амбасадата на Кралството Холандија и Делегацијата на Европската Унија.

Види повеќе

 

Во Средата, 28 мај, во 11:00 часот, трибината насловен “ЕУ/Балкан – литература/вклучување” кој се одвиваше во ЕУ ИнфоЦентарот, како составен дел од активностите на ПРО-ЗА Балкански литературен фестивал. Трибината, дел од серијата настани на ЕУ ИнфоЦентарот, беше исто така организиран по повод Ден на Европа 2014.

Види повеќе

Шведската амбасада, во соработна со ЕУ Инфо центарот на 28 мај 2014 година организираше предавање и дискусија на тема Поделено родителско отсуство за зголемена полова рамноправност. Предавачот е позната новинарка и поранешна уредничка на шведскиот најголем дневен весник Dagens Nyheter.

Види повеќе

 

На 12 мај, понеделник, во ЕУ Инфо Центарот беше отворена изложбата на скулптури и слики на уметниците Сашо Саздовски и Пандора Апостолска Саздовска . Изложбата која е организирана во рамки на серијата настани Културни приказни, исто така претставува дел од програмата за Денот на Европа 2014.

Види повеќе

Од 07 – 27 мај 2014, Делегацијата на ЕУ во партнерство со Амбасадата на Кралството Шпанија, галеријата Остен, општина Центар и Факултетот за ликовни уметности во Скопје организираа серија на активности за да се одбележи 25 годишнината од смртта на Салвадор Дали. Активностите кои се одржаа со цел да се оддаде почит на еден од најпознатите европски визуелни уметности и организирани како дел од серијата настани Културни приказни на ЕУ Инфо центар во рамки на програмата за Денот на Европа 2014, вклучуваа предавање за животот и делото на Дали, изложба на неговите графики и скулптури и оддавање почит на Дали со цртежи на студентите од одделот за сликарство.

Види повеќе

 

Во среда, на 14 мај, во 12:00, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи предавање за животот и работата на Зигмунд Фројд, по повод 75-годишнината од смртта на таткото на психоанализата. Настанот е дел од програмата на ЕУ Инфо центарот Културни приказни и се организира во рамките на програмата за Денот на Европа 2014 организирана од Делегацијата на ЕУ во соработка со австриската амбасада.

Види повеќе

Институтот за општествени и хуманистички науки, ЕУ инфо центарот и Францускиот институт во Скопје 6 мај 2014 организираа предавање на г-дин Жак Рансиер, светски познат филозоф„Време, нарација, политика“. Предавањето се одржа во рамките на проектот „Школа за критика и политика“, поддржан од Фондацијата Роза Луксембург.

Види повеќе

 

По повод 450-годишнината од раѓањето на Вилијам Шекспир, Делегацијата на Европската Унија и Британскиот Совет во април и мај организираа серија настани со наслов ‘Шекспир@21 век’. Во среда, 23 април, во 20:00 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје, по повод годишнината на големиот британски писател се одржа студентска театарска претстава со наслов „Хамлет, Кој?“. Официјални обраќања на настанот имаа Н.Е. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската Унија и Н.Е. Кристофер Ивон, Амбасадор на Велика Британија. Присутните имаа можност да ја чујат една од актерките, г-а Афродита Николова, која говореше за значењето што го има Шекспир врз неа.

Види повеќе

 

 Во среда, 12 март 2014, беше одржано предавање под наслов “Ликовната уметност во Франција во 1963” во ЕУ инфо центарот. Настанот, дел од ЕУ инфо центар програмата на настани “Културни приказни” , беше организиран од Францускиот Институт и Делегацијата на Европската Унија.

Види повеќе

 

На 15 февруари (сабота), од 12:00 до 13:00 часот, во Планетариумот на Младинскиот културен центар, со предавање и демонстрација со наслов „Сепак се врти: социјалниот и научен контекст на научната револуција на Галилеј“се одбележа 450-годишнината од раѓањето на Галилео Галилеј, познат физичар, математичар, астроном и филозоф.

Види повеќе
На 7 фебруари, петок, во 19:30 часот, се организираше промоција на книгата „Небо во капини“ (Nebesa v robidah) од Наташа Крамбергер во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (Св.Кирил и Методиј 52-б).

Види повеќе

Од 23 – 29 септември 2013, Делегацијата на Европската Унија и Министерството за култура, во соработка со холандската амбасада и издавачките куќи – грантисти на Програмата Култура на ЕУ организираа саем на книгата за книги преведени во рамки на Програмата на ЕУ Култура 2007 – 2013 и Европскиот ден на јазиците, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.


Саемот на книгата беше отворен со прес конференција на Неговата екселенција, г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската Унија и г-ѓа Елизабета Канческа - Милевска, Министер за култура, како и г-ќа Билјана Прентоска, Национален координатор за Програмата на ЕУ Култура.



Види повеќе
Најголемата база на ликовни уметнички дела, уметници и уметнички галерии ArtFacts.Net во соработка со Остен Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Гете Институтот и здружението Општество за македонско-германско пријателство на 11 септември во ЕУ Инфо Центарот организираа презентација насловена “Предизвиците на уметниците во глобалниот свет”, во склоп на серијата на настани Културни приказни.

Види повеќе
Вчера, на 23 јули 2013 година, ЕУ Инфо центарот по повод 50 годишнината од разурнувачкиот скопски земјотрес а во рамките на програмата Културни приказни, беше домаќин на презентациите на меѓународно признати фотографи, Томислав Петернек и Франс Велтерс, кои го фотографирале Скопје при првите денови и недели по земјотресот во 1963 година.

Види повеќе
На 9-ти април, во 16:00 часот, познатиот шведски писател на детски книги Улф Старк, и нашиот познат писател Киро Донев, разговараа за нивните авантури како деца и писатели со ученици од скопски основни училишта. Разговорот беше модериран од актерката Маја Љуткова.

Види повеќе

200 години од раѓањето на Џузепе Верди
Предавање и работилница за хорско пеење
“ТУТИ ВЕРДИ”

Четврток, 28 март, ЕУ Инфо центар

Види повеќе
На 7-ми март 2013, во ЕУ Инфо центарот беше проектиран документарен филм и поставена изложба од постоечкиот проектот Невидлив град финансиран од програмата на ЕУ Културни приказни, кој е одржан во Скопје, Белград, Брајтон и Данска за функцијата на средствата за јавен транспорт.

Види повеќе
На 11 декември, ЕУ Инфо центарот и се приклучи на Австрија заедно со целиот свет во прославата на 150 годишнината од раѓањето на познатиот австриски сликар Густав Климт, во соработка со австриската амбасада и Галеријата Остен.

Проекцијата на филмот „Климт“ беше проследена со предавање од австриската историчарка Др. Лиса ФИШЕР „Густав Климт и жените – музи - спонзори и модели“ при што публиката имаше можност исто така да види оригинални слики на Егон Шиел и на познатиот Оскар Кокошка кои се дел од колекцијата на Галеријата Остен.

Види повеќе
Програмата Културни приказни официјално започна на 27 октомври 2012 со џез работилница, на која учествуваа познати џез музичари од регионот и од Европа заедно со прочуени и млади македонски џез музичари кои имаа изведба отворена за јавноста.

Настанот беше организиран во соработка со Скопскиот џез фестивал и Гете институтот.

Види повеќе