| |
30 јануари
2009
Учениците од основното училиште "11 Октомври” го посетија ЕУ
Инфо центарот
На 30 јануари, ЕУ Инфо центарот организираше презентација за ЕУ
за осмо-одделенците од основното училиште “11 Октомври” во
Скопје.
ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од
основните и средните училишта, како и за студентите од
универзитетите. Целта е да се воспостави редовна комуникација и
да се продлабочи знаењето за прашања поврзани со ЕУ преку
директен контакт.
Долгорочната цел на активноста насловена “Отворени врати за
студентите” е да се обезбедат информации и да се поттикне
комуникацијата со младите луѓе.
Вработените во ЕУ Инфо центарот направија мала презентација,
прилагодена на возраста на учениците, во врска со историјатот на
Европската Унија, институциите и симболите, вклучувајќи го
знамето, химната и мотото, како и за заедничките достигнувања на
европските народи.
По предавањето, тие учествуваа во сесијата Прашања&Одговори и во
краткиот квиз за ЕУ.

|
|