| |
22 jануари, 2010
Предавање за ЕУ за пет училишта од Велес
На 22 јануари, ЕУ Инфо центарот и ЕУ инфо точката од Велес организираа предавање за ученици од седмо и осмо оделение од пет училишта од Велес.
Околу 100 ученици од основните училишта “Св. Кирил и Методи”, “Благој Кирков”, “Васил Главинов”, “Јордан Х. Џинот” и “Блаже Коневски” присуствуваа на предавање поврзано со историјата на ЕУ, нејзините институции, како и заедничките достигнувања на европските нации. По предавањето, тие имаа сесија на прашања и одговори и краток квиз за ЕУ.
Во следниот период, ЕУ Инфо центарот планира да организира слични настани во сите останати ЕУ инфо точки кои се наоѓаат во Куманово, Кавадарци, Кочани, Битола, Гостивар и Тетово.
Оваа активност е дел од поширока програма насловена “Отворени врати за учениците” која има за цел да обезбеди информации, да ја засили комуникацијата со младите, и да го зголеми знаењето за прашања поврзани со ЕУ преку дирекни контакти со учениците. ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од основните и средните училишта, како и за студентите од универзитетите.

|
|