4 февруари 2009

Учениците од средното училиште "Илија Николовски-Луј” од Скопје го посетија ЕУ Инфо центарот

Учениците од државниот музички и балетски центар "Илија Николовски-Луј" во Скопје, на 4 февруари го посетија Информативниот центар на Европската Унија во Скопје.

Учениците ја проследија презентацијата за историјатот на Европската Унија и нејзините институции, како и за можностите кои им се на располагање на учениците. По предавањето, тие учествуваат во сесијата Прашања и одговори, и краток квиз за ЕУ.

ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од основните и средните училишта, како и за универзитетските студенти. Целта е да се воспостави редовна комуникација и да се продлабочат знаењата за прашања поврзани со ЕУ преку директен контакт. Долгорочниот пристап на активноста насловена “Oтворени врати за учениците” е да се обезбедат информации и да се поттикне комуникацијата со младите луѓе. Групи на ученици од повеќе од дузина училишта го посетија ЕУ Инфо центарот во последниве седум месеци.