| |
4 февруари
2009
Четврта годишна средба на граѓанското општество
На 4 февруари, Мисијата на ЕУ во Скопје ја организираше
четвртата средба на граѓанското општество во ЕУ Инфо центарот.
Целта на овој настан беше да се поттикне дебата за соработката
помеѓу Европската Унија и секторот граѓанско општество.
На овој настан беа презентирани десетте проекти кои добија
грантови во рамките на поддршката базирана во земјата на
Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Претставниците на граѓанското општество беа информирани за
отпочнувањето на Повикот за предлози за 2008 на ЕИДХР, како и за
другите можности за финансирање во рамките на Инструментот за
претпристапна помош, Програми на заедницата итн.
Главната цел на Европскиот инструмент за демократија и
човекови права (ЕИДХР) е да придонесе кон развојот и
консолидирањето на демократијата и владеењето на правото, и
почитувањето на човековите права и слободи во рамки на
политиката на Заедницата за развојна соработка и економска,
финансиска и техничка соработка со други земји.

|
|