11 февруари 2009

Панел дискусија - “Како да го направиме интернетот побезбедно место”

По повод прославувањето на Денот на побезбеден интернет, ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе организира панел дискусија на тема “Како да го направиме интернетот побезбедно место”.

Панел дискусијата ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот (Мито Хаџивасилев Јасмин 52в) на 11 февруари 2008 во 12.00 часот. Претставниците на медиумите се покануваат да учествуваат и да известуваат за панел дискусијата.

Целта на оваа панел дискусија е да се подигне свеста околу прашањата на безбедност и одговорно користење на новите технологии, особено интернетот.

На присутните ќе им се обрати Патрик ПАКЕ, раководител на одделот за политика и информации при Мисијата на Европската Унија, Елена СТОЈАНОВСКА од Дирекцијата за заштита на лични податоци, Барил ЈАШАРИ директор на фондацијата Метаморфозис и Александар ТОКАРЕВ раководител за технологија во ИТ компанијата Некстсенс.

На панел дискусијата ќе присуствуваат студенти и претставници на граѓанскиот сектор.