16 февруари 2009

Ден на пролетта во Европа 2009

Во понеделник, 16 февруари 2009, организацискиот тим на “Пролетен ден во Европа 2009” одржа прес конференција во ЕУ Инфоцентарот, со која го објави почетокот на активностите за оваа година.

Амбасадорот Ерван Фуере, претседателот Бранко Црвенковски, како и членови на организацискиот тим – Саша Богдановиќ, Бранкица Георгиевска и Ана Малчева им се обратија на претставниците на 10 организации, кои се иницијатори на настанот за оваа година.

Денот на пролетта во Европа е годишна кампања која истовремено се спроведува во сите европски земји и која на младите граѓани им овозможува да ги искажат своите ставови и направат нивниот глас да биде слушнат. Денот на пролетта во Европа, традиционално се организира во земјата по седми пат.

Десетте организации кои го иницираа настанот оваа година, како и во текот на претходните три години, се: AEGEE, AIESEC, Млади европски федералисти, ЕМSА, Младински образовен форум, Младите за младите, HERA, SSFON, Вавилон Порта и Креатор.

Денот на пролетта 2009 ќе вклучува повеќе активности меѓу кои и Младински образовен пролетен камп, во кој ќе учествуваат повеќе од 100 млади луѓе на серија дебати за теми поврзани со ЕУ, тркалезна маса “Македонската младина: Еднакви и различни” со учесници од пролетниот камп, претставници на младински НВОи, владини претставници и експерти за ЕУ, потоа кампања насловена “Сите различни-сите еднакви” итн.