16 февруари 2009

Изложба на карикатури – АНТЕ ПОРТАС

Во понеделник, на 16 февруари 2009, во 12:00 часот, во ЕУ Инфо центарот беше поставена изложбата на карикатури кои се однесуваат на ЕУ - “АНТЕ ПОРТАС”. Оваа изложба претставува индивидуален проект на истакнатиот карикатурист Делчо Михајлов, со учество на 40 автори од 4 земји во регионот.

Изложените карикатури во ЕУ Инфо центарот се дел од изложбата која беше првобитно поставена во Музејот на Град Скопје и која е поддржана од Министерството за култура. Се очекува изложбата да биде поставена и во една од зградите на институциите на ЕУ во Брисел, на есен 2009.