| |
26 Февруари
Работилница - “Детство без злоупотреба”
На 26 февруари, Првата детска амбасада “Меѓаши” организираше
работилница насловена “Детство без злоупотреба – за подобар
систем на детска заштита во источна Европа”. Работилницата е дел
од проектот "Градење на култура за детска заштита" која е
финансирана во рамките на поддршката базирана во земјата 2007 на
Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Околу 25 социјални работници, педагози, психолози од државните
институции, како и волонтери од СОС линијата за деца и млади,
земаа учество во работилницата, која беше водена од меѓународен
надгледувач од Бугарија.

|
|