| |
8 февруари, 2010
Денови на информатичкото општество во ЕУ Инфо центарот
Од 9 до 26 февруари, Делегацијата на Европската Унија во ЕУ Инфо центарот ќе организира серија на настани насловени “Денови на информатичкото општество”, чија цел ќе биде да се подигне свеста за политиките и активностите на ЕУ во оваа област.
Настаните се поврзани со побезбедна употреба на интернетот, иницијативи за дигитализација на културното наследство и создавање на дигитални библиотеки, како и промоција на ИКТ истражувања и достапните фондови на ЕУ.
Денот на побезбеден интернет
(9 февруари), ќе биде одбележан со предавање за учениците од повисоките одделенија во основните училишта.
Останатите настани се:
Информациските и телекомуникациските технологии се сметаат како клучен фактор кои значително придонесува за економскиот раст и создавањето на нови работни места во Европската Унија и треба да одиграат клучна улога во помагањето при излезот од моменталната рецесија на економијата на ЕУ.

|
|