| |
Февруари 2010
Денови на побезбеден интернет – предавање за ученици од соновни училишта
Околу 60 ученици од 6 основни училишта од Скопје на 6 февруари во ЕУ Инфо центарот присуствуваа на предавање за побезбедна употреба на интернетот. Настанот беше организиран со цел да се одбележат Деновите на побезбеден интернет, под годинешното мото “Размисли пред да постираш”. Предавањето исто така е дел од серијата настани насловени “Денови на информатичко општество” кои се одржуваат од 9 до 26 февруари.
Елена СТОЈАНОВСКА, Советник за меѓународна соработка и односи со јавност при Дирекцијата за заштита на лични податоци и Филип Стојановски, Координатор во Фондацијата Метаморфозис, Правата на децата на интернет, проект за безбедност и заштита ПДИПБЗ, на децата им објаснија дека треба внимателно да размислат за можните последици од нивните активности пред да ги постават нивните лични информации или информациите на нивните пријатели.
Преку конкретни примери, корисни информации и совети, предавачите ги објаснија спецификите за доброто однесување на интернет и непосакуваните последици.
Целта на настанот беше да се подигне свеста кај младите луѓе во однос на фактот дека еднаш поставените слики и останати лични информации онлајн, засекогаш остануваат онлајн.

|
|