| |
Скопје, 24 февруари 2010
Проектот за реформа на јавната администрација финансиран од ЕУ започнат и во тек
На 24 февруари, во ЕУ Инфо центарот беше одбележан почетокот на проектот “Зајакнување на капацитетите на Генералниот Секретаријат – сектор за анализа на политиките и координација – единица за реформи во јавната администрација и единица за соработка со НВО.
Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, специјален претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ, и г-дин. Кирил БОЖИНОВСКИ, генерален секретар на Владата и г-дин. Фолкрет МИЛЧ, тим лидер на проектот им се обратија на присутните на конференцијата.
Конференцијата е дел од проект финансиран од ЕУ “Зајакнување на капацитетите на Генералниот Секретаријат – сектор за анализа на политиките и координација – единица за реформи во јавната администрација и единица за соработка со НВО”. Крајната цел на проектот е да се обезбеди континуитет во процесот на реформите на јавната администрација, преку прилагодување и развивање на административниот процес, што се должи набрзите промени во модерното општество и на интегративниот процес во ЕУ. Со проектот се поддржуваат заложбите на земјата за исполнувањето на критериумите од Копенхаген, според кои јавната администрација треба да биде компетентна и добро организиранаи ќе може ефикасно да учествува во работата на институциите на ЕУ, и притоафондовите од ЕУ да бидат искористени на најдобар можен начин.
Во рамките на 18 месечното траење, проектот ќе обезбеди поддршка на Генералниот Секретаријат да развие нова стратегија за реформи во јавната администарција, како и да ја разгледаат и ажурираат стратегијата за соработка на владата со граѓанскиот сектор. Покрај тоа, со проектот ќе се зајакнат капацитетите на корисникот за координација на спроведувањето на двете стратегии, како и капацитетите на Високиот комитет за реформи во јавната администрација за спроведување на задачите во управувањето на процесот за реформи во јавната администрација.
Проектот “Зајакнување на капацитетите на Генералниот Секретаријат – сектор за анализа на политиките и координација – единица за реформи во јавната администрација и единица за соработка со НВО” кој е финансиран од ЕУ, официјално започна во ноември 2009 година, со буџет од 1 милион евра во времетраење од 18 месеци. Проектот ќе биде имплементиран од Hulla & Co. Human Dynamics KG од Австрија во соработка со IPS Институт Словенија, од тим составен од меѓународни и локални експерти.

|
|