25 февруари 2010

Предавање за учениците од основните училишта од Кочани

На 25 февруари, ЕУ Инфо центарот и ЕУ инфо точката од Велес организираа предавања за ученици од седмо и осмо одделение од следните основи училишта од Кочани: “Никола Карев”, “Св. Кирилл и Методиј”, “Раде Кратовче” и “Малина Поп Иванова”. 


Околу 70 ученици присуствуваа на предавање поврзано со историјата на ЕУ, нејзините институции, како и заедничките достигнувања на европските нации. По предавањето, тие имаа сесија на прашања и одговори и краток квиз за ЕУ. 

Во следниот период ЕУ Инфо центарот планира да организира слични настани во сите останати ЕУ инфо точки.

Оваа активност е дел од поширока програма насловена “Отворени врати за учениците” која има за цел да обезбеди информации, да ја засили комуникацијата со младите, и да го зголеми знаењето за прашања поврзани со ЕУ преку дирекни контакти со учениците.