|
19 Mарт
2009
Учениците од средното училиште "Ѓорѓи Димитров” го посетија ЕУ
Инфо центарот
Околу 40 ученици од средното училиште "Ѓорѓи Димитров " во
Скопје го посетија ЕУ Инфо центарот во Скопје како дел од
проектот “Oтворени врати за учениците”.
Учениците присуствуваа на презентација за историјатот на
Европската Унија и нејзините институции, како и за можностите
кои се отворени за учениците. По предавањето, тие учествуваа во
сесија за прашања и одговори, и краток квиз за ЕУ.
ЕУ Инфо центарот ги отвори вратите за учениците од основните и
средните училишта, како и за универзитетските студенти. Целта е
да се воспостави редовна комуникација, и да се продлабочи
знаењето за прашања кои се однесуваат на ЕУ преку директен
контакт. Долгорочниот пристап на активноста насловена “Oтворени
врати за студентите” е да се обезбедат информации и да се
поттикне комуникацијата со младите. Во последните седум месеци,
групи на ученици од петнаесетина училишта го посетија ЕУ Инфо
центарот.

|