| |
9 Март 2010
Денови на информатичко општество во ЕУ Инфо центарот
На 9 март ЕУ Инфо центарот организираше панел дискусија за “Информациски и комуникациски технологии за јавните услуги” со цел да се споделат најдобрите искуства и практики на ЕУ во оваа област. Покрај тоа, намерата на оваа панел дискусија беше да ги охрабри идните национални дискусии и неопходните активности во врска со употребата на ИКТ за јавните услуги.
Г-дин Иво ИВАНОВСКИ, Министер за информатичко општество зборуваше за главните можности и предизвици за поефикасна онлајн јавна администрација за граѓаните и бизнис секторот, додека Г-дин Лукас МЕЛКА, Раководител на одделот за оперативни работи – економија и финансии при Делегацијата на Европската Унија ги соопшти резултатите од Министерската декларација усвоена на 5-та Конференција на ЕУ за е-Влада во Малме, Шведска. Амбасадорот на Словенија, Г-дин Алан БЕРГАНТ зборуваше за патот на Словенија во процесот на е-Влада, ги сподели словенечките искуства и го претстави влијанието на е-Влада за подобра јавни услуги за раст и вработување како и за ефикасна и ефективна администрација.
Оваа панел дискусија беше последна од серијата на настани за Деновите на информатичкото општество кои што се одржуаа во ЕУ Инфо центарот од 9-ти февруари до 9-ти март.

|
|