1 април 2009

Учениците од средното медицинско училиште во ЕУ Инфо центарот

Околу 30 ученици од средното медицинско училиште "Панче Караѓозов" од Скопје, на 1 април присуствуваа на предавање за историјатот на Европската Унија и нејзините институции, како и за можностите кои им се достапни на младите луѓе.

По предавањето, тие учествуваа во сесијата Прашања & Одговори и краток квиз за EУ. Оваа посета беше организирана како дел од активноста “Oтворени врати за учениците”.

ЕУ Инфо центарот ги отвори вратите за учениците од основните и средните училишта, како и за универзитетските студенти. Целта е да се воспостави редовна комуникација и да се продлабочи знаењето за прашања поврзани со ЕУ преку директен контакт. Долгорочниот пристап на активноста насловена “Отворени врати за учениците” е да се обезбеди информирање и да се поттикне комуникацијата со младите луѓе.