2 април 2009

30 годишнина од Директивата за птици (2 април 1979-2009)

На 2 април 2009, ЕУ Инфо центарот беше домаќин на настанот, со кој се одбележа 30 годишнината од Директивата на ЕУ за птици. На иницијатива на "Македонското еколошко друштво" беше организирана панел дискусија за да се промовира Директивата на ЕУ за заштита на диви птици (79/409/EEЗ), или генерално позната како Директива за птици (2 април 1979).

На панел дискусијата беа опфатени теми во врска со сосотојбата, заканите и мерките за заштита на птиците во земјата, како и за транспонирањето на оваа директива во националното законодавство како дел од процесот на пристапување во ЕУ.