06 АПРИЛ


Ученици од 7 училишта го посетија ЕУ Инфо центарот


По повод Денот на Европа, околу 120 ученици од училиштата од општина Центар на 6 април присуствуваа на предавање за историјатот на Европската Унија и нејзините институции, како и за можностите кои се отворени за младите луѓе.

По предавањето, тие учествуваа на сесија прашања и одговори на краток квиз за ЕУ. Посетата беше организирана како дел од активноста “Отворени врати за учениците”.