15 АПРИЛ


Во ЕУ Инфо центарот одржана креативна работилница “Роботи на третиот милениум”


На 15 април, група на ученици од 11 основни училишта од Скопје учествуваа на креативната работилница “Роботи на третиот милениум” организирана во ЕУ Инфо центарот како дел од Деновите на креативност и иновативност.
Учениците нацртаа цртежи кои ќе бидат изложени во ЕУ Инфо центарот, како дел од свеченостите по повод Денот на Европа кои ќе се одржат во месец мај.

Во текот на работилницата, учениците имаат можност да видат хуманоидните роботи, кои ги имаат изработено универзитетски студенти кои учествуваа на меѓународниот натпревар РобоМак, кој се одржа во месец февруари во Скопје.

Мисијата на Европската Унија организира неколку активности за да се одбележи 2009 како Европска година на креативност и иновативност. Овие активности имаат за цел да се подигне свеста за значењето на креативноста и иновативноста за личниот, општествениот и економскиот развој. Тие помагаат за дисеминација на добри практики, стимулирање на образование и истражување, и промовирање на дебата за политики за сродни прашања.