16 АПРИЛ


Презентирана Рамковната програма - FP7 – во ЕУ Инфо центарот


На 16 април, Мисијата на Европската Унија организираше презентација на ЕУ 7-та Рамковна програма за истражување - FP7 – како дел од Деновите на креативност и иновативност, која се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје. На презентацијата присуствуваа потенцијалните корисници на програмата, како што се академици, истражувачи, претставници на деловната заедница, граѓанското општество, јавната администрација, итн.

Виолета АТАНАСОВСКА, национален координатор на FP7 и Марина СТЕФОВА од Природно-математичкиот факултетот и корисник на FP7 ги објаснија целите на програмата, како и процесот на негова имплементација.

Овој настан е поврзан со прославата на Европската година на креативност и иновативност. Европската Унија ја прогласи 2009 за година на креативност и иновативност за да се подигне свеста за значењето на креативноста и иновативноста за личниот, општествениот и економскиот развој; да се дисеминираат добри практики; да се стимулира образованието и да се промовира дебата за политики на сродни прашања.

За подетални информации, упатете се на следниот линк: http://cordis.europa.eu/fp7/