16 АПРИЛ


Изложба“Креативност и иновативност во секојдневниот живот”


Како дел од Деновите на креативност и иновативност, ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на Европската Комисија ќе организира изложба на наградени иновации од домашни иноватори од 21 април до 5 мај.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 21 април во 19.00 часот во ЕУ Инфо Центарот.

Европската Унија ја прогласи оваа година за Година на креативност и иновативност. Целта е да се подигне свеста за значењето на креативноста и иновативноста за личниот, општествениот и економскиот развој; да се врши дисеминација на добрите практики; да се стимулира образованието и истражувањето, и да се промовира дебата за политики за сродни прашања.

Новинарите, фоторепортерите и снимателите се поканети да присуствуваат и да информираат за настанот.