21 АПРИЛ


Отворена изложбата “Креативност и иновативност во секојдневниот живот” во ЕУ Инфо центарот


Како дел од Деновите на креативност и иновативност кои се одржуваат во ЕУ Инфо центарот во Скопје, изложба на наградени иновации од национални иноватори насловенa како “Креативност и иновативност во секојдневниот живот” беше отворена на 21 април. Четиринаесет иновации, наградени на разни меѓународни изложби ќе бидат изложени во ЕУ Инфо центарот до 5 мај.

На отворањето на изложбата, амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, специјален претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија, на изложувачите им врачи признанија за учество.

По овој повод, тој го истакна значењето на иновативноста во секојдневниот живот, за економскиот, образовниот и општествениот развој, како и за добросостојбата на поединецот.

ЕУ Инфо центарот ги организира Деновите на креативност и иновативност како дел од Годината на креативност и иновативност.