| |
24 АПРИЛ
ЕУ Мисијата ги објави едномесечните активности за прослава на
Денот на Европа 2009
Во петок, 24 април, Мисијата на ЕУ во Скопје организираше прес
конференција во ЕУ Инфо центарот, на која амбасадорот Ерван
Фуере ги претстави активностите кои се предвидени за
одбележување на Денот на Европа (9 мај) оваа година.
“Оваа година организираме многу настани ширум земјата за да се
одбележи Денот на Европа, со цел да го доближиме процесот на
европски интеграции поблиску до граѓаните”, рече амбасадорот
Ерван ФУЕРЕ.
Покрај традиционалниот мултимедијален хепенинг што традиционално
се одржува за Денот на Европа на 9 мај, кој оваа година ќе се
одржи во Тетово, во текот на април и мај ќе се одржат неколку
традиционални манифестации: традиционалниот Ден на европското
знаме, трка на келнери и келнерки, Скопски маратон, како и
популарниот танц на матуранти. Покрај тоа, голем број на панел
дискусии и јавни настани ќе се одржат ширум земјата во текот на
последната седмица од април и првите три седмици од месец мај.
Исто така, на прес конференцијата беше објавена овогодинешната
награда Жан Моне за новинарски труд. Темата за овогодинешната
награда е "Од падот на железната завеса во 1989 до проширувањето
во 2004". Темата за оваа година е избрана за да се одбележи 5
годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20 годишнината од
падот на Берлинскиот ѕид.
За подетални информации за програмата за Денот на Европа,
упатете се на следниов линк:
Детална
агенда Македонски

|
|