01 Април 2010

Предавање за ЕУ за основни училишта од Гостивар

На 01 април, ЕУ Инфо центарот и ЕУ Инфо точката од Гостивар организираа предавање за ЕУ за ученици од седмо и осмо оделение од следните основи училишта од Гостивар: “Мустафа Кемал Ататурк”, “Исмаил Ќемаили” и ”Гоце Делчев”. 

Учениците од седмо и осмо одделение присуствуваа на предавање за историјатот на ЕУ и нејзините институции, како и за заедничките достигнувања на европските народи. По предавањето, тие учествуваа во сесијата прашања и одговори, и краток квиз за ЕУ.  

Тимот на ЕУ Инфо центарот веќе одржа слични предавања за учениците од Велес, Кочани и Кавадарци. Во следниот период ЕУ Инфо Центарот планира да организира слични настани во сите ЕУ Инфо точки.

Оваа активност е дел од поширока програма насловена “Отворени врати за учениците” која има за цел да обезбеди информации, да ја засили комуникацијата со младите, и да го зголеми знаењето за прашања поврзани со ЕУ преку дирекни контакти со учениците. ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од основните и средните училишта, како и за студентите од универзитетите.