05 MAJ


Свеченост за доделување награда за најдобар матурски проект од средните училишта


На 5 мај, Високата школа за медиуми и односи со јавност во соработка со ЕУ Инфо центарот при Делегацијата на Европската Комисија организираше свеченост за доделување награди за најдобар матурски проект од средните училишта насловен “Изрази се себеси преку медиумите”.

Учениците од средните училишта ширум земјата беа поканети да ги понудат своите идеи за медиумски продукт во следниве категории: камера, видео спот и постер на следниве теми поврзани со ЕУ: “Креативноста на мојата улица”, “Зошто јас во ЕУ?” и “9-ти мај за сите нас”.

40 ученици од средните чилишта се пријавија за проектот “Изрази се себеси преку медиумите”. Комисијата која ја изврши селекцијата, на 12 кандидати им додели целосни или делумни стипендии. Четири ученици добија признанија за нивните медиумски продукти.

Сите наградени дела ќе бидат изложени во ЕУ Инфо центарот до 18 мај.

За повеќе детални информации, посетете го следниов линк: http://www.vs.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=151%3A2009-05-05-09-11-08&catid=39%3A2009-05-06-10-01-29&Itemid=105&lang=mk