| |
11 MAJ
Панел дискусија “Од падот на железната завеса во 1989 до
проширувањето во 2004”
По повод 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и
20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Мисијата на
Европската Унија организираше панел дискусија насловена: “Од
падот на железната завеса во 1989 до проширувањето во 2004”.
Настанот се одржа на 11 мај, во ЕУ Инфо центарот во Скопје во
присуство на медиумите.
Амбасадорите на Чешка Република – Јозеф БРАУН, Унгарија – Ференц
КЕКЕШИ, Полска – Дариус КАРОЛ БАЧУРА, Словенија - Ален БЕРГАНТ
како и Robert KIRNAG, вршителот на должност во амбасадата на
Словачка и нивниот домаќин – Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ, шеф на
Мисијата на ЕУ, им се обратија на присутните претставници од
Владата, Националниот совет за европски интеграции,
Парламентарната комисија за европски прашања, Заедничкиот
парламентарен комитет, други амбасадори од ЕУ, граѓанското
општество и студенти.
Амбасадорите зборуваа за искуствата во нивните земји од процесот
на пристапување кон ЕУ во однос на: подобрената безбедност и
квалитет на живот по пристапувањето на Чешката Република кон ЕУ;
придонесот na членството во ЕУ за растот и модернизирањето на
економијата во Унгарија; зајакнувањето на улогата и политичкото
значење на ЕУ во светот; влијанијата од воведувањето на еврото
во словенечката економија; влијанијата од повторното обединување
на континентот и пристапувањето на новите земји членки кон ЕУ во
однос на создавањето на вистински европски идентитет.
Тие исто така го истакнаа значењето од падот на железната завеса
и проширувањето на ЕУ во повторното обединување на Европа,
повторното заживување на демократијата во Европа и основањето на
функционални демократии.
Присутните имаа можност да проследат видео обраќање на комесарот
Оли Рен по повод Денот на Европа.
Панел дискусијата “Од падот на железната завеса во 1989 до
проширувањето во 2004” беше дел од програмата за одбележување на
Денот на Европа 2009.


|
|