|
13 MAJ 2009
Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа во ЕУ Инфо
центарот
На 13 мај, околу 60 студенти по студии за бизнис од
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово го посетија ЕУ
Инфо центарот како дел од активностите за Денот на Европа и
Европскиот ден на претприемништвото.
Студентите присуствуваа на предавање кое беше прилагодено на
нивното ниво на знаење за историјатот на Европската Унија и
нејзините институции, за можностите кои се отворени за
студентите и за улогата на Мисијата на Европската Унија.
ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од
основните и средните училишта, како и за студените од
универзитетите. Целта е да се воспостави редовна комуникација и
да се продлабочат знаењата за прашања поврзани со ЕУ преку
директен контакт.
Долгорочниот пристап на активноста насловена “Отворени врати за
учениците” е да се обезбедат информации и да се поттикне
комуникација со младите луѓе. Групи на ученици од повеќе од 20
училишта го посетија ЕУ Инфо центарот во рамките на оваа
активност.

|