17 MAJ 2009

Студенти од Универзитетот ФОН во ЕУ Инфо центарот


На 17 мај, студентите од Правниот факултет на Универзитетот ФОН присуствуваа на предавање како дел од проектот “Отворени врати за студентите”, чија цел е информирање и поттикнување на комуникацијата со младите.
Студентите присуствуваа на предавање прилaгодено на нивото на нивното познавање на Европската Унија и нејзините институции, за можностите кои се отворени за студентите и улогата на Мисијата на Европската Унија.

ЕУ Инфо центарот ги отвори своите врати за учениците од основните и средните училишта, како и за универзитетските студенти. Целта е да се воспостави редовна комуникација и продлабочување на знаењата за ЕУ преку директен контакт.

Од самото отворање на ЕУ Инфо центарот, групи ученици и студенти од повеќе од 20 училишта и универзитети учествуваа во програмата “Отворени врати за студентите".