Настани по повод Денот на Европа во EUi Битола

По повод 9 мај, Денот на Европа, EUi Битола лоцирана во Факултетот за администрација и управување со информатички системи во Битола организираше серија настани.




На 5 мај, Амбасадорот на Словенија, Алан Брајан Бергант одржа предавање за студентите на тема: "Искуствата на Република Словенија во претпристапниот процес". Истиот ден беше организирана и дебата за "Прекуграничната соработка помеѓу земјата и Република Грција".



На 6 мај, беше организирана дебата во соработка со Дебатниот Клуб на факултетот на тема "Дали треба земјите членки да ги унапредат миграциските права?". Следниот ден, на 7 мај, студентите учествуваа на симулација на меѓународна дебата на тема: "Влијанието на интернетот над современото општество".