| |
Свечености на Денот на Европа 2010 – изобилство од настани

Денот на Европа 2010 и 60-годишнината од Шумановата декларација беа одбележани со 35 настани, кои се одржаа во периодот помеѓу 27 април и 27 мај.
Свеченостите вклучуваа најразлични aктивности и партнери, кои беа објавени на специјалната прес конференција која се одржа во ЕУ Инфо центарот на 23 април 2010.
Главниот настан наменет за пошироката јавност беше мултимедијалниот Eвропски хепенинг, кој оваа година се одржа во Струга (7 мај). Учениците од македонска, албанска и турска етничка припадност во Струга ја претставија ЕУ и културите на земјите-членки на ЕУ преку промотивни материјали обезбедени од амбасадите, како и нивни сопствени творби поставени на штандови. Околу 2000 посетители имаа можност да ги слушнат изведбите на познати музички групи и пејачи.
Амбасадорот Ерван Фуере, вицепремиерот Васко Наумоски и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко им се обратија на граѓаните на Струга, ги поздравија и им посакаа добредојде на учесниците на прославата на 60 годишнината од 9 мај, денот кога Роберт Шуман во Париз ја претстави декларацијата која доведе до создавање на она што сега е Европска Унија. Покрај главното случување во Струга, слични собири беа организирани од страна на сите ЕУ Инфо точки ширум земјата (во општините Kуманово, Гостивар, Кочани, Битола, Кавадарци и Велес).
Панел дискусии на разни теми беа организирани во соработка со општина Неготино (30 април), Kуманово (3 мај), Kрива Паланка (5 мај), Tетово (7 мај) и Дебар (13 мај). Амбасадорот, градоначалници, експерти, претставници на НВОи и млади луѓе учествуваа на дебатите и дискутираа на следниве теми: 1)”Европс������������и стандарди за заштита на животната средина – управување со третманот на отпад во Неготино”; “Mакедонија на патот кон ЕУ – предизвици и дилеми”; “Децентрализацијата и регионалниот развој”; “Организации на граѓанското општество-предизвик за обединета Европа и “2010 – Eвропска година за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост”. Претставници на општини, бизнис заедницата, организации на граѓанското општество и пошироката јавност исто така пр����суствуваа на дебатите. Aмбасад��от Фуере одржа предавање за учениците од основните училишта и за студентите од универзитетите.
Локалното Европско движење го организираше традиционалниот Ден на европското знаме, кој се одржа на 1 мај оваа година. Aмбасадорот Фуере, заедно со претседателот на Европското движење, ги поставија европското и македонското знаме на врвот на Водно.
Како дел од посетата на општините, амбасадорот ги посети Ветеринарната и фитосанитарната гранична инспекција во Табановце, Проектот за помош при развојот на полицијата и Проектот за реновирање на полициската станица во Тетово.
На 4 мај, амбасадорот, министерот за животна средина и градоначалникот на Кавадарци, официјално го промовираа регулирањето на коритото на реката Луда Мара во центарот на Кавадарци, на југот од земјата.
Општината Центар од Скопје ја организираше четвртата годишна трка на келнери и келнерки на главната пешачка зона во Скопје. На победниците им беше врачен пехар од страна на градоначалникот на општина Центар и амбасадорот. Во текот на овој настан, децата од училиштата во центарот на Скопје ги презентираа своите цртежи, постери и други творби поврзани со Европската Унија.
Скопскиот маратон останува да биде една од најуспешните активности од програмата за Ден на Еввропа. Бројот на натпреварувачи се зголеми двојно во споредба со минатата година (се зголеми од 1,300 во 2009 до 2,600 во 2010). Натпреварувачите во трите трки беа од Италија, Холандија, Словенија, Австрија, Кенија, Етиопија, Нигерија, Белгија, Норвешка, Обединето Кралство, Шпанија, Финска, Полска, Мороко, Бугарија, Германија, Унгарија, Србија, Хрватска, Франција и од земјата домаќин.
Оваа година, Делегацијата за прв пат организираше концерти под отворено небо за класична музика, на кои изведуваа млади студенти од музичко-балетскиот училишен центар "Илија Николовски Луј", во 5 општини во Скопје. Овие настани претставуваа одлична можност за граѓаните на Скопје да ја прослават европската култура. Попладнето на 9 мај, градоначалникот на општина Аеродром и амбасадорот им се придружија на граѓаните од Аеродром во славењето на музиката од Бах, Пачабел,Пиазола, Џоплин, Виртнер, Копеланд, Фон Вебер, Банчиери и други.
Традиционалниот прием на Денот на Европа се одржа во прекрасниот Куршумли Ан, во стариот дел на градот, со повеќе од 600 гости претставници на Владата, Собранието, локалните власти, меѓународната заедница, граѓанското општество, бизнис заедницата, верските заедници, академици, медиуми итн. На овогодинешниот прием се одбележа 60-годишнината од Шумановата декларација. Гостите имаа можност да се присетат на најважните моменти од историјата на Европската Унија на видео проекција пропратена со музиката од Фредерик Шопен, во чест на 200-годишнината од неговото раѓање. Видео записот вклучуваше слики од најзначајните случувања од односите на земјата со Европската Унија.
На 6 мај, Европската бизнис асоцијација организираше "Eвропски ден на претприемачот", каде претставници на бизнис заедницата, владата, и меѓународни и локални експерти имаа можност да дискутираат за развојот на претприемништвото во рамките на евроинтегративните процеси.
На 11 мај, претставниците од медиумите, радиодифузерите, министерството за образование, училиштата, наставниците, јавните и приватните чинители кои се занимаваат со енергетика, водостопанство и јавно здравство погледнаа една епизода од серијалот на цртани филмови "Mојот пријател Бу". Овој аудио-визуелен проект е финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ и ќе се прикажува на две телевизиски станици на македонски и албански јазик започнувајќи оваа есен.
Слично на претходните години, Делегацијата ги поддржа традиционалните Мајски оперски вечери, организирани од Македонската опера и балет, како и традиционалниот годишен танц на матурантите (21 мај). Делегацијата исто така го поддржа и VI Меѓународен филмски фестивал “Евроатлански филмски патоказ“ – АСТЕРФЕСТ во Струмица и филмскиот фестивал “Една Европа, една култура, едно кино” во Скопје.
|
|