| |
15 ЈУЛИ
2009
Промоција на книгата ‘Европа на крстопат’
На 15 јули, во ЕУ Инфо центарот во Скопје се одржа промоција на
книгата ‘Европа на крстопат’од авторот Горан ИЛИЌ.
Книгата ја претставија Амбасадорот Ерван ФУЕРЕ и професорот
Славејко САСАЈКОСКИ.
За време на кратката презентација, авторот објасни дека книгата
‘Европа на крстопат’ е поделена на три тематски дела, при што
секој дел претставува релевантна и комплементарна тематска
рамка, која има за цел да ги разработи и дефинира клучните
аспекти на конкретната истражувачка проблематика – Лисабонскиот
договор и неговите импликации за надворешно – политичкиот
идентитет на ЕУ.
Трите дела на книгата се: ЕУ како политичка унија, Лисабонскиот
договор, надворешно – политичкиот идентитет и интегративната
фаза на ЕУ, како и улогата на унијата во промовирањето на новиот
светски поредок.

|
|